Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК: Границите на ЕУ затворени до 15 јуни

0
By Нова ТВ on May 9, 2020 СВЕТ
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 9, 2020 10:50

Европската комисија достави предлог до земјите-членки на Европската унија до 15 јуни да ги задржат во сила мерките за ограничување на патувањата кои не се неопходни. Од аспект на ЕК, прво би требало да бидат укинати контролите на внатрешните граници во ЕУ, пред да се пристапи кон олабавување на ограничувањата за патување во ЕУ. Не е исклучено потоа да следи уште едно продолжение.

Ограничувањата за патување во ЕУ беа воведени на средината на март, а потоа следуваше нивно пролонгирање до 15 мај. Тие не се однесуваат на граѓани на ЕУ и странци кои постојано живеат во некоја од државите на ЕУ. Од забраната за влез во ЕУ е исклучен медицинскиот персонал, експерти потребни во сузбивањето на пандемијата на коронавирус, како и вработените во транспортната бранша и сезонските работници.

Додека некои од членките на ЕУ преземаат „први чекори во ублажување на рестрикциите воведени заради спречување на ширењето на пандемијата, состојбата во Европа и во светот останува нестабилна“, образложува ЕК. „Од таа причина е неопходно останување во сила на мерките на надворешните граници, заради минимизирање на ризикот од натамошно проширување на болеста преку патувања во ЕУ.“

„Наша највисока цел е повторно востановување на целосно функционален Шенген-простор, во кој ќе важи целосна слобода на движењето веднаш штом здравствената ситуација тоа го овозможи. Ограничувањата на слободното движење и контролите на внатрешните граници мора постепено и координирано да бидат укинати. Дури тогаш можеме да ги укинеме и рестрикциите на надворешните граници“, истакна еврокомесарката за внатрешни работи Жилва Јохансон.

Првично, надежта на ЕК беше со затворање на надворешните граници на ЕУ да ја спречи трката на државите членки во воведување гранични контроли во Шенгенскиот простор, во кој во нормални услови патувањата се одвиваат целосно слободно. Но, намерата на ЕК не успеа, во најголем дел од ЕУ државите поради пандемијата беа затворени националните граници.

Ограничувањата за влез во ЕУ на надворешните граници досега ги применија сите ЕУ-држави со исклучок на Ирска, како и асоцијативните Шенген-земји Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија. Европската комисија има право само да предложи продолжување на затворањето на границите, додека примената е во надлежност на националните влади.

Комисијата не исклучува да дојде до натамошни пролонгирања на ограничувањата на влезот во ЕУ, тоа ќе зависи од развојот на епидемиолошката ситуација.

Движење ЕК ЕУ Коронавирус мерки препорака
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.