Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК: Жалиме што Србите во Косово не можеа да гласаат на референдумот

0
By Sashko on January 17, 2022 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 17, 2022 13:24

Европската Комисија (ЕК) денеска изрази жалење што Србите кои живеат во Косово не беа во можност да гласаат на вчерашниот референдум и повика двете страни да изнајдат решение, јави дописничката на МИА од Брисел.

Српските граѓани вчера гласаа на референдум за уставни измени, поврзани за реформите во судството потребни за членство во ЕУ, но косовскиот парламент претходно донесе резолуција со која им се забранува на етничките Срби кои живеат на косовска територија да излезат да гласаат.

Европската Комисија денеска преку портпаролот Петер Стано изрази жалење.

Позицијата на ЕУ е јасна дека сите Срби кои можат да гласаат требаше да ја имаат таа можност и жалиме што не беше возможно да се изведе оваа операција со олеснување на ОБСЕ, вакви операции имало и во минатото. Ова е навистина жално, но потребна беше согласност од двете страни за да биде изводливо, изјави Стано.

Комисијата ги повика двете страни што е можно побрзо да седнат на преговарачка маса и да се договорат за модалитетите за учество на Србите во Косово на следните избори кои ќе се одржат на почетокот на април оваа година.

Европската унија уверува дека, иако нема средби на високо ниво во рамките на Дијалогот помеѓу Белград и Приштина, „тој сѐ уште е жив“.

„Постојано сме ангажирани со двете страни, но не ги користиме медиумите за пораки, има избори во април и сакаме решение пред изборите, но ќе ги задржиме роковите во рамките на нашата дискретна комуникација со партнерите“, додаде Стано.

ЕК ЕУ Косово референдум Свет Србија уставни промени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.