Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ и САД очекуваат Вучиќ и Курти утре да ги прифатат појдовните точки и да почнат да работат на европскиот план

0
By Marta Pesevska on February 26, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЕУ и САД очекуваат лидерите на Белград и Приштина утре во Брисел да го прифатат европскиот предлог како принцип, појдовна точка за целосно, правно обврзувачко решавање на односите меѓу двете страни и да почнат да работат како да го спроведат во рок од неколку месеци, а во исто време неизбежното формирање на Заедницата на српските општини (ЗСО), јави Бета.

Официјални лица во Брисел, информирани за дијалогот меѓу Белград и Приштина, на новинарите зад затворени врати изјавија дека српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Аљбин Курти ставиле до знаење дека ќе ги претстават своите „црвени линии“ и услови во однос на европскиот предлог, познат и како француско-германски план.

Европските посредници, сепак, подвлекоа дека ЕУ и САД се цврсто убедени дека „европскиот, германско-францускиот предлог“ го има ова на ум и нуди решенија, а Вашингтон посочи дека конечниот договор ќе значи важни отстапки и „болни компромиси за двете страни“, изјавија надлежните. Затоа нема веднаш да се разговара за содржината на предлогот на ЕУ, кој е утврден во анексот и не е објавен, туку за начините и чекорите за што поскоро спроведување.

Официјални лица во Брисел дополнително го образложија својот став дека прифаќањето и спроведувањето на овој договор од страна на Белград значи де факто признавање на независноста на Косово, а не официјално, бидејќи тоа не се бара во „појдовните точки и принципи“ на договорот.

Претходно, специјалните претставници на ЕУ и на САД за Западен Балкан, Мирослав Лајчак и Габриел Ескобар, истакнаа дека решението за сеопфатен договор е Србија да не се противи на влезот на Косово во меѓународните организации,  преземено од договорот меѓу поранешни две Германии за решение на меѓусебните односи, кога Бон не ја призна Источна Германија, но не се спротивстави на нејзиниот влез во ОН, јави Бета.

Извор: МИА

Белград Вучиќ Договор ЕУ курти Приштина САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.