Околу 35 отсто од населението во Северна Македонија било изложено на ризик од сиромаштија или социјална исклученост, покажуваат податоците на Евростат за 2020 година. Податоците на Евростат се однесуваат на земјите-членки на Европска Унија, Европската економска област и земјите од Западен Балкан.

Под ризик од сиромаштија се подразбираат домаќинства кои се соочуваат со тешка материјална и социјална ранливост, не можат да си дозволат одредени материјални работи или социјални активности или имаат многу низок интензитет на работа, ниво на образование и друго.

Во регионот, најтешка е ситуацијата во Албанија каде, според истите податоци, над 50 отсто од населението било во опасност од сиромаштија. По Албанија со стапка од 51 процент и Црна Гора (околу 40 отсто) следи Турција со 38 отсто.

Просечниот ризик од сиромаштија и социјална исклученост, според Евростат, е 21,9 отсто, што се однесува на 96,5 милиони луѓе.