Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европската граѓанска војна против Орбан

1
By Нова ТВ on June 2, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 2, 2018 12:12

Популистите и конзервативните движења би можеле повторно да ја поделат Европа. Анти-мигрантските и конзервативните движења влегоа на политичката сцена во Велика Британија и Италија. Но, тие се најсилни во Унгарија и Полска. Таму, популистичките лидери ги преобликуваат своите држави на начин кој е закана за демократијата во Европската унија (ЕУ).

Клучната фигура е Виктор Орбан, премиерот на Унгарија, кој им се противи на идеалите на неговиот поранешен добротвор, милијардерот и филантроп Џорџ Сорос, роден во Унгарија. Орбан сака да создаде “илиберална држава”.

За францускиот претседател Емануел Макрон борбата против ваквото државно уредување е еден вид “европска граѓанска војна”, анализира агенцијата Блумберг.

Неговата партија Фидеш повторно победи на изборите во април и тој доби трет последователен премиерски мандат. Владата ја прошири контролата врз невладините организации и ги замолкна медиумите и судството. Политичкиот притисок ја натера Фондацијата Сорос за отворено општество, еден од најголемите светски финансиери на невладини организации, за да се пресели од Будимпешта во Берлин. Централно-европскиот универзитет, основан од Сорос за обука на идните лидери во поранешна комунистичка Европа, е во правна неизвесност и размислува да се пресели во Виена.

Како Орбан ја промени Унгарија?

По изборот во 2010 година, Орбан ја ограничи моќта на судовите, ги назначи своите сојузници на чело на институциите и го смени изборниот систем на начин што му помогна да ја задржи власта. Педесет и пет годишниот лидер собра поддршка со својот став против мигрантите, особено муслиманите, кои тој ги нарекува “освојувачи”. За да го заштити она што го нарекува “христијанска Европа”, тој крена ограда на јужната граница на Унгарија и ги стави барателите на азил во логори во 2015 година кога пристигнуваа бегалците од Блискиот Исток.

Кој е следбеник на Орбан?

Во Полска, партијата Право и правда на сличен напад ги нападна судството, медиумите и другите демократски тела кога ја презеде власта во 2015 година.

Партијата на власт во Полска – Право и правда

Други екс-комунистички нации, како Чешка и Словачка, се оддалечија од главните текови на ЕУ околу третманот на бегалци, додека Романија во последно време ги ослабува антикорупциските закони.

Во западна Европа националистите од сите сорти го гледаат Орбан како инспирација. Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер, противник на позитивниот став на канцеларката Ангела Меркел кон бегалците, е навивач на Орбан. Истото важи и за Стефан Банон, поранешен главен стратег на американскиот претседател Доналд Трамп. За него, Орбан е “голем херој”.

Кои се нивните цели?

Орбан се прикажува себеси како контра-сила на европскиот либерален демократски модел. За овој модел тој вели дека лошо реагирта на глобалните финансиски превирања и дека ќе ја изгуби конкурентската предност пред централизираните држави како Кина.

Полскиот де-факто лидер, Јарослав Качински, бара враќање на христијанските корени на Европа и не му се допаѓаат либералните, мултикултурни вредности врз кои се базира ЕУ.

Други, како чешкиот премиер Андреј Бабиш или популистичките лидери кои освоија најмногу гласови на италијанските избори во март, се спротивставуваат на подлабока интеграција во ЕУ.

Зошто е источна Европа жариште на популизам?

Популистичките водачи ги искористија фрустрациите на оние што чувствуваа напуштени од пост-комунистичката транзиција. Многу од овие земји имаат куса историја на функционални демократии, а најголемиот број од оние што денес се возрасни, пораснале во општества со ограничени права. Тука треба да се спомне и разочарувањето со економскиот систем кој ја создаде глобалната финансиска криза во 2008 година. Криза која многу тешко погоди многу земји како Унгарија.

И покрај тоа што некои делови од Источна Европа, како Прага на пример, сега се побогати од некои региони на западна Европа, релативно ниските плати и континуираните тешкотии во многу области ги свртеа гласачите кон лидери што ветуваат дека ќе се спротивстават на притисокот за поделба на заработката со сиромашните мигранти-новодојденци.

Што велат критичарите?

Тие велат дека реториката на популистите е спротивна на вредностите врз кои е изградена ЕУ. Наративот на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во екот на бегалската криза во 2015 година, беше дека Европејците, од сите националности, биле принудени да емигрираат во одредени моменти во историјата, вклучувајќи ги и оние во Источна Европа кои сега им се противат на мигрантите.

Други изјавија дека нападот на Орбан врз Сорос, кој е Евреин, има антисемитски призвук.

Освен тоа, новата елита на олигарси блиски до унгарската власт, поседува се поголем голем дел од економијата. Словачката влада падна во март поради убиството на новинар што стана симбол на широк проблем со корупцијата.

Што може да стори ЕУ?

Соочени со сето ова, европските лидери отворија дебата околу субвенциите од ЕУ буџетот и прашањето дали тие пари треба да се условат со владеење на правото.

Доколку тоа стапи на сила, на овие земји можат да им бидат одземени милијарди евра финансирање.

Се размислува, исто така, за законот, досега неприменет, со кој би можел потенцијално да им се одземе на Полска и на Унгарија правото на глас во ЕУ. Двете земји не кријат дека ќе го користат своето право на вето токму поради ова правило со што тоа никогаш нема да може да се спроведе.

Дуња Мијатовиќ, комесар за човекови права на Советот на Европа

Орбан продолжува својата мисија за изградба на “илиберална држава” а критиките од Брисел и Стразбург на негова адреса се чести. Така, Дуња Мијатовиќ, комесарка за човекови права на Советот на Европа, вчера изјави дека новиот нацрт-закон, неодамна поднесен од страна на унгарската влада до Парламентот и кој предвидува казни, вклучувајќи затвор, за оние кои ја “олеснуваат нелегалната имиграција”, претставува загрижувачки развој за човековите права.

“Доколку бидат усвоени, новите одредби ќе резултираат со понатамошни арбитрарни ограничувања на работата на невладините организации за човекови права и ќе ги остават мигрантите без основни услуги обезбедени од токму од овие невладини организации”, вели Мијатовиќ.

Според Мијатовиќ, “предложениот пакет овозможува криминализација на активностите кои треба да бидат целосно легитимни во едно демократско општество и неизбежно ќе имаат застрашувачки ефект врз сите поединци или организации кои нудат помош за мигранти, вклучувајќи ги барателите на азил и бегалците”. Таа ги повика унгарските власти да го отфрлат овој предлог-закон.

Унгарската влада веројатно повторно ќе остане глува на ова барање.

Виктор Орбан Дуња Мијатовиќ Европска унија Јарослав Качински национализам Полска популизам Совет на Европа Унгарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.