Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФБИ ја обвини Русија за мешање во САД – Трамп го посочи лично Путин

0
By Нова ТВ on July 19, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 19, 2018 09:33

Директорот на американското Федерално биро за истраги (ФБИ) Кристофер Реј изјави дека Русија продолжува да поттикнува раздор во САД, преку ширење лажни вести, пропаганда и тајни операции.

Реј оцени дека Русија се мешала во американските претседателски избори во 2016 година, велејќи дека тоа е заеднички став на „разузнавачката заедница“ на САД.

Претседателот Доналд Трамп, по неговиот самит со рускиот претседател Владимир Путин во Хелсинки, изјави дека „не гледа причина зошто Русија би се мешала во изборите“, но потоа ја корегираше изјавата, велејќи дека сакал да каже дека „не гледа причина зошто Русија не би се мешала“.

ФБИ е во центарот на политичката контроверза во САД, откако Трамп обвини неколку високи офицери во службата дека поради политичка пристрасност ги саботирале истрагите против Хилари Клинтон, а отпочнувале истраги против неговата кампања, користејќи ги обвинувањата за негови врски со Русија како изговор да ги шпионираат соработниците на Трамп.

За Трамп лично Путин е одговорен

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Си-Би-Ес вечерни вести“ изјави дека е точно дека Русија се мешала во американските претседателски избори во 2016 година и потврдно одговори на прашањето дали смета дека рускиот претседател Владимир Путин е лично одговорен за тоа.

Водителот Џеф Глор прво го потсети Трамп дека шефот на Белата куќа претходно изјави оти се согласува со оценката на разузнавачките служби на САД дека Русија се мешала во изборите во 2016 година.

– Па да и тоа веќе го кажав, Џеф. Го кажав тоа многу пати и би рекол дека тоа е точно, па да, рече Трамп.

Водителот инсистираше дека Трамп не го осудил лично Путин за тоа и праша „дали го смета (Путин) лично одговорен“.

– Па, јас би го сметал, затоа што тој е на чело на земјата. Како што себеси се сметам одговорен за работи кои се случуваат во нашата земја. Така што како лидер на земја секако би го сметал за одговорен, да, рече американскиот претседател.

Глор потоа праша што му порачал Трамп на Путин по тоа прашање за време на нивниот состанок во Хелсинки.

– Многу силно за фактот дека не можеме да имаме мешање, не можеме да имаме било што такво – но имај го и ова предвид. Ние исто така живееме во свет на возрасни…Јас му порачав дека не може така, дека такво нешто нема да има повеќе и така ќе мора да биде, рече Трамп.

избори Путин Русија САД Трамп ФБИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.