Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германска поддршка за решение на спорот за името

2
By Нова ТВ on February 22, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германската канцеларка Ангела Меркел вчера оцени дека спорот меѓу Македонија и Грција за името e досега најблиску до решение, дека треба да биде затворен, но истакна каков било притисок нема да влијае од корист за процесот.

– Спорот меѓу Македонија и Грција треба да биде решен, притисокот во преговорите не е корисен. Имам впечаток дека двете страни по долго време имаат интерес за решавање на спорот. Тоа е добар предуслов, рече Меркел, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали на средбата со Заев се разговарало за спорот со Грција и дали истото прашање било тема на вчерашниот телефонски разговор со Алексис Ципрас.

Таа рече дека е задоволна што има придвижување во преговорите оценивајќи дека во изминатите 10 години решението не било толку блиску, како што е сега и оти би било извонредно доколку двете страни успеат да ги премостат препреките. Канцеларката напомена дека и двете страни се однесуваат одговорно во обновените преговори и оти и Грција и Македонија знаат што можат да дадат за да се постигне компромис.

– Компромисите се секогаш болни, но и неопходни. Тоа е дипломатска уметност и за тоа не треба да се зборува на прес-конференции, туку зад затворени врати. Верувам дека јавните изјави повеќе може да му наштетат, отколку да му користат на процесот, рече германската канцеларка.

Канцеларката Меркел, ден пред вчерашната средба со премиерот Заев во Берлин, телефонски разговарала со грчкиот премиер Алексис Ципрас, меѓу другото и за прашањето за името, потврдија од кабинетот на Ципрас.

Според грчки медиуми, двајцата договориле да се сретнат денеска во Брисел на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ.

Премиерот Заев се заблагодари за силната поддршка од Германија за стратешките определби на Македонија за влез во ЕУ и НАТО и посочи дека македонската Влада е решена да ги решава проблемите со соседите и да развива регионална соработка.

– Добивме силна поддршка од германската страна за нашите стратешки определби, влез во ЕУ и НАТО. Нам ни останува да продолжиме со реформите и со решавање на спорот со Грција. Тоа се тешки прашања, но ние ќе најдеме решение, во кое ќе ги вклучиме и опозицијата и претседателот на државата, а ќе се прашаат и граѓаните, рече Заев на прес конференцијата вчера во Берлин.

Меркел се вклучува во спорот: Денеска со Заев, в петок со Ципрас

Брисел ЕУ Заев името Меркел преговори средба Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.