НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ГРЕКО бара реформи и конкретни резултати во Северна Македонија

0
By Нова ТВ on June 3, 2020 СВЕТ
Фото: coe.int
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владите и носителите на јавни функции треба да бидат примерни во почитување на мерките за спречување на корупцијата и стандардите за транспарентност, се вели во годишниот извештај на ГРЕКО, антикорупциско тело на Советот на Европа – ГРЕКО, што е објавен денеска.

Во извештајот се разгледуваат мерките што биле преземени во 2019 година во земјите членки на Советот на Европа за да се спречи корупцијата меѓу пратениците, судиите и обвинителите, како и во централните власти, пред сè, на носителите на високи извршни функции и во репресивните органи.

Претседателот на ГРЕКО, Марин Мрчела, претставувајќи го извештајот на онлајн прес-конференцијата, изрази загриженост за зголемениот број обвинувања во последните години за корупција во многу земји и тоа меѓу вршителите на јавни функции.

„Ниту една личност, ниту една држава или институција не е имуна на корупцијата. Политичките личности, каква и да е нивната припадност, треба да владеат со пример и да бидат примерни, тоа е исклучивоста што се очекува од нив. Политичарите треба да му служат на народот, а не да го управуваат“, рече тој.

Во 2019 година, целосно биле спроведени 36 отсто од препораките дадени од ГРЕКО во рамките на четвртата рунда за проценка. Оние препораки кои се најмалку спроведени се однесуваат на пратениците (27 отсто), на судиите (37 проценти) и на обвинителите (46 отсто).

„Ова во голема мерка објаснува зошто довербата на луѓето во политиката е многу мала и ќе продолжи да се влошува доколку политичарите не го подобрат нивото на усогласеност со стандардите за интегритет“, изјави претседателот на ГРЕКО.

Генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ при објавување на извештајот изјави дека корупцијата ја поткопува довербата на граѓаните во демократијата и демократските институции.

„Поради тоа имплементацијата на ефективни мерки за борба против корупцијата и промовирањето на интегритетот и транспарентноста, треба да биде приоритет на јавните власти во секое време. Државите постигнаа напредок, но тие треба да ги интензивираат напорите за целосно спроведување на препораките на ГРЕКО“, истакна Пејчиновиќ Буриќ.

Во извештајот се наведува дека од почетокот на четвртата рунда за евалуација во 2012 година, речиси пола од земјите членки извршиле уставни реформи според препораките на ГРЕКО, спроведувајќи повеќе од 150 конкретни законодавни, регулаторни или институционални реформи со нивна имплементација.

Да крајот на 2019 година, ГРЕКО изврши оценки во 18 држави во спречување на корупцијата во владите и органите на репресија. ГРЕКО честопати идентификуваше недостатоци во начинот на кој одредени земји се справуваат со лобирањето и конфликтот на интереси во централните власти и особено ја посочува потребата за проширување на антикорупциските мерки за советниците. Препораките на ГРЕКО за спроведување на законот главно се фокусираа на кодекси на однесување, унапредување и разрешување, конфликт на интереси, ограничувања за вработување и заштита на „свиркачите“.

На крајот на 2019 година, 15 земји беа посочени дека целосно не го почитувале четвртиот циклус на ГРЕКО, меѓу кои и Северна Македонија, заедно со Ерменија, Австрија, Чешка, Данска, Франција, Германија, Унгарија, Ирска, Луксембург, Монако, Полска, Португалија, Романија и Турција. Белорусија е единствената земја што не се придржувала до првите два заеднички циклуса и третата рунда.

Во однос на Северна Македонија, каде е оценето дека реформите се подзапрени поради политичките кризи и распуштање на Собранието пред најавените парламентарни избори, претседателот на ГРЕКО, Мрчела, одговарајќи на прашање на дописникот на МИА нагласи дека откако ќе се одржат изборите и ќе биде конституиран новиот Парламент, треба да се мине на исполнување на препораките.

„И уште еднаш повторувам – ова не е за пратениците, ова е за народот, за граѓаните. Меѓусебните обвинувања на политичките партии и политичарите, не се доволни, без притоа да има конкретни резултати од реформите во Северна Македонија. Потребни се конкретни резултати, работа и акции“, изјави Мрчела.

Според графиконот на ГРЕКО за Северна Македонија, 32 отсто од препораките се спроведени, 48 отсто се делумно спроведени, 20 отсто не се спроведени.

По категории, целосно се спроведени само 14,3 отсто од препораките што се однесуваат за пратениците, 42,9 проценти се делумно спроведени, а 42,9 отсто не се спроведени. Кај судиите целосно се спроведени 50 отсто од препораките, 41,7 проценти делумно, а 8,3 отсто не се спроведени, додека кај обвинителите 16,7 проценти од препораките се целосно спроведени, 66,7 делумно и 16,7 отсто не се спроведени.

Во 2019 година, истовремено со својата 20 годишнина, ГРЕКО одлучи да започне нова советодавна функција која ќе овозможи да се обезбеди помош по барање на државите членки и телата на Советот на Европа преку експертски извештаи.

влади ГРЕКО Корупција Македонија обвинители пратеници препораки судии транспарентност функционери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.