Холандија прогласи за „персона нон грата“ двајца вработени во амбасадата на Иран во Хаг, јави ДПА повикувајќи се на разузнавачки извори.

„Ние можеме да потврдиме дека Холандија прогласи за „персона нон грата“ две лица акредитирани во Иранската амбасада. Не можеме да дадеме други информации“, изјави претставник на холандската разузнавачка служба

Причините за протерувањето на иранските дипломати не се познати, а засега нема коментар на ваквата информација од холандското Министерство за надворешни работи.