Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кијив: Украина и САД потпишаа меморандум како прв чекор кон договорот за минерали

0
By Zoran Ivanov on April 18, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 18, 2025 11:57

Украина и САД потпишаа меморандум како прв чекор кон постигнување договор за експолатација на украинските минерални суровини, објави Јулија Свириденко, прв заменик-премиер и министер за економија на Украина.

Среќни сме што можеме да го објавиме потпишувањето, со нашите американски партнери, на меморандум за намери, кој го отвора патот за договор за економско партнерство и формирање на инвестициски фонд за обнова на Украина, напиша Свириденко на платформата Х.

Без да објави дополнителни детали, таа посочува дека идниот договор кој се очекува да придонесе за економски раст на двете земји, ќе мора да биде ратификуван во украинскиот парламент.

Потпишувањето на меморандумот доаѓа по инсистирањето на американскиот претседател Доналд Трамп за билатерален договор за минерали како дел од неговите напори да стави крај на војната на Украина.

Трамп го гледа договорот и како начин за враќање на милијарди долари вредната помош што Вашингтон и ја даде на Украина во војната со Русија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, изјави дека Украина нема намера да ја признае како заем воената помош од претходната американска администрација.

Соединетите држави ја намалија проценката на трошоците наменети за помош на Украина од почетокот на руската инвазија во 2022 година на околу 100 милијарди долари од 300 милијарди долари, објави Блумберг, цитирајќи извори запознаени со ова прашање.

Договорот за минералните суровини, првично требаше да биде потпишан кон крајот на февруари во Белата куќа, но американскиот претседател Доналд Трамп, потпретседатело Џеј Ди Венс и шефот на украинската држава Володимир Зеленски тогаш се впуштија во жестока кавга и потпишувањето беше откажано.

Минатиот месец администрацијата на Трамп предложи нов, поширок договор за минерални суровини, кој на Украина не и дава никакви безбедносни гаранции, но бара сите приходи од експлоатација на природни ресурси од државни и приватни компании лоцирани на украинска територија да се прелеат во заеднички инвестициски фонд.

 

Договор минетали САД трговија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.