Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кои се разузнавачите кои ги објавија документите за Трамп?

1
By Нова ТВ on January 13, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 13, 2017 12:35

Кристофер Стил е поранешен британски разузнавач кој ги обзнанил компромитирачките документи за Доналд Трамп, објави неодамна Вол Стрит Џурнал.

Стил, кој е сега директор на фирма за приватно обезбедување и истраги, го подготвил досието за конекциите на Трамп со Русија. Според документите, новизбраниот претседател соработувал со Кремљ за време на претседателската кампања, но исто така Русите поседувале компромитирачки материјал со кој можат да го контролираат Трамп.

Овие обвинувања, и Москва и Трамп ги одбија веднаш со образложение дека се работи за анти-Трамп структури кои прават политички прогон.

Освен Стил, ко-директор на фирмата Орбис Бизнис Интелеџенс е и Кристофер Бароус, кој пак ниту ги потврдил ниту ги негирал пишувањата на Вол Стрит Џурнал дека Стил е авторот, а фирмата е објавувачот на документите.

А за приказната за дејствувањето на разузнавачите да личи на игра на шпиони доволен е и фактот што Канцеларијата за надворешни работи и Комонвелт, во која работел Бароус, нема коментар за случувањата.

Орбис Бизнис Интелеџенс е фирма основана во 2009 година од поранешни професионалци во британските служби – се вели на официјалниот сајт. Таа во сопствеништво на друга фирма која пак е во косопственост на Стил и Бароус.

Фирмата е со седиште во Лондон во областа Белгравиа, а работи со глобална мрежа на експерти и бизнис лидери кои нудат стратегии и спроведуваат “сложени прекугранични истраги“.

Во досието, за кое се претпоставува дека е напишано помеѓу јуни и декември 2016 година, се содржани непотврдени белешки со обвиненија, кои според разузнавачите, се тешки за потврдување. Но авторот Кристофер Стил важел за разузнавач со одлична репутација во тој свет и бил стациониран во Русија со години.

Сепак за Доналд Трамп овие материјали се лажни. Неговата реакција, десетина дена пред инаугурацијата е остра.

– Тоа се лажни вести. Се е тоа измислено. Не се случило, изјави Трамп на прес-конференција по објавувањето на документите.

Доналд Трамп инаугурација компромитирачки материјал Кремљ Русија скандал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.