Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Косово очекува Харадинај да биде ослободен, Вучиќ ќе бара екстрадиција

0
By Нова ТВ on January 5, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 5, 2017 11:24

Шефот на пратеничката група “Алијанса за иднината на Косово” Пал Љекај изјави дека очекува дека денес околу 13 часот Рамуш Харадинај ќе биде пуштен на слобода.

Поранешниот хашки затвореник и претседател на „Алијансата за иднина на Косово“ беше уапсен вчера во Франција по потерница од Србија.

И додека Косово очекува ослободување на Харадинај, премиерот на Србија Александар Вучиќ на Б92 изјави дека обвинителството има бројни докази против Харадинај и смета дека Франција како “сериозна и правна држава треба да постапи во согласност со правото а не според политички ставови”.

Вучиќ рече исто така дека Србија ќе бара екстрадиција за Харадинај.

“Имаме човек кој е обвинет за толку многу дела што не можете да ги доброите. Никој нема право да ги урива одлуките на незвисното обвинителство”, вели Вучиќ.

Против апсењето на Харадинај денес реагираа и претседателот на Косово Хашим Тачи и претседателот на Парламентот Кадри Весели како и сите политички партии и многу јавни личности.

Српската потерница за Харадинај е распишана во 2006 година со обвинување дека е одговорен за воени злосторства.

Рамуш Харадинај во јуни 2015 година беше уапсен во Словенија, исто така по потерница од Интерпол распишана од Србија. Србија го товари за убиства и тешки злосторства на Косово во текот на 1998 и 1999 година.

Харадинај беше водач на ОВК и поранешен косовски премиер. Хашкиот суд го ослободи од обвиненијата за воени злосторства во 2012 година. Тогаш тој и неговите поранешни помошници Идриз Баљај и Лахи Брахимај беа пуштени на слобода.

Трибуналот изрече ослободителна пресуда по сите точки од обвинението кои се однесуваа на злосторства направени од 1 март до 30 септември 1998 година, во време кога тој беше командир на таканаречената оперативна зона Дукаџин (Метохија). Тоа беше второ ослободување на Харадинај од обвиненијата.

Претходно, по завршувањето на судењето по обвинение за направени злосторства на широкото подрачје на западно Косово, Харадинај и Биљај беа ослободени од сите обвиненија и пуштени на слобода, додека Брахимај беше осуден на шест години затвор.

Во јуни 2015 кога беше  уапсен во Словенија, Харадинај по само два дена беше пуштен и му беше вратен пасошот.

 

Александар Вучиќ апсење екстрадиција Косово Рамуш Харадинај Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.