Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид-19: Активни 18.498 случаи, Германија ја врати С. Македонија на листата на ризични земји

0
By Sashko on January 20, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 20, 2022 07:43

Бројот на активни случаи секојдневно се зголемува. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), нивниот број во државава достигна 18.498 од кои повеќе од пола – 9.714 се регистрирани во Скопје. Расте и бројот на реинфекции.

Од направени 6.353 тестови, регистрирани се нови 2.051 случај со ковид-19 од кои 276 реинфекции, починаа седум лица, а оздравеа 747 пациенти.

Директорот на Институтот за имунологија, д-р Александар Петличковски синоќа во телевизиско гостување рече дека околу сме околу пикот на сојот омикрон, имајќи предвид дека и во земјите во соседството и во земјите во Западна Европа, овој последен бран на корона инфекцијата се ширеше многу брзо и многу побрзо стивнуваше. Тој истакна дека не очекува во следните месеци и години коронавирусот да биде сериозен проблем за човештвото. Препорачува да се носат маски N95.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 249.704, бројот на оздравени пациенти е 223.053, а на починати е 8.153.

Заради ситуацијата со ковид-19, Германија ја врати Северна Македонија на листата на ризични земји, а нови ковид протоколи има за влез во Финска и во Хонг Конг.

Со најновата одлука на германските власти, од македонските државјани при влез во Германија се бара електронско пријавување и поседување потврда за вакцинација или за прележан ковид-19 или негативен ПЦР тест. За лицата кои не биле заразени со ковид и не се вакцинирани, следува 10-дневен карантин, а можат да бидат ослободени најрано на петтиот ден со тестирање за ковид 19. Од оваа мерка се ослободени невакцинираните деца до шест години, на кои карантинот им се прекинува по пет дена.

Со нов ковид-протокол е и Република Финска. Сите лица, вклучувајќи и наши државјани кои не можат да се вакцинираат против ковид 19 од медицински причини, можат да влезат во Финска доколку имаат лекарско уверение кое го покажува тоа, заедно со потврда за негативен ковид-тест не постар од 48 часа. Сите останати (освен оние со регулиран престој) кои пристигнуваат во Финска и натаму се задолжени да приложат доказ за целосна вакцинација или оздравување од ковид 19 (во изминатите шест месеци), заедно со негативен тест за ковид-19 (не постар од 48 часа).

Истовремено, Владата на Хонг Конг донесе одлука за измена на условите за влез во земјата, согласно која Република Северна Македонија се наоѓа во Група А земји каде се детектирани случаи на омикрон. Поради тоа, се ограничува влез на наши државјани и странци (кои не се резиденти на Хонг Конг), а кои во изминатите 21 ден престојувале во Северна Македонија. Дополнително, дозволен е влез за резиденти на Хонг Конг, но со 21 дневен задолжителен карантин и 6 ПЦР теста, информираат од МНР.

Германија Ковид-19 листа Македонија Протоколи Финска Хонг Конг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.