Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривичен суд прифатил една казна за функционер, а СЈО побарале девет

0
By Нова ТВ on April 13, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Специјалното јавно обвинителство од Кривичниот суд побарал да бидат казнети девет одговорни лица од институциите кои не соработувале со обвинителството и не ги доставувале бараните податоци, а судот одобрил само едно од овие барања, објави „Телма“.

Според извори на телевизијата казнет е директорот на УБК Владимир Атанасовски кој доколку биде потврдена одлуката ќе треба да ја плати 2500 евра. Речиси пола од барањата за казнување на СЈО се однесуваат на директорот на УБК, додека останатите се за функционери во УБК а еден предлог кој што е одбиен е за министерот за транспорт и врски.

Како дел од истрагата за предметот Трезор, СЈО побарало податоци од МВР дали набавената опрема преку фирмата „Финзи“ е инсталирана во објектите на МВР како и попис за видот и количината на оваа електронска и комуникациска опрема. Барањето било доставено во УБК, а директорот одговорил дека бараните податоци се суптилни и со несоодветно постапување може да се загрози или нанесе непоправлива штета на државата. Судијката ги прифатила аргументите на УБК и го одбила како неосновано барањето на СЈО да биде казнет директорот на УБК Владимир Атанасовски.

Во останатите предмети СЈО барало казни затоа што УБК не им доставила потребни информации за тоа дали во периодот од 2008 до 2015 управата изготвувала месечни извештаи за функционирање на системите на за следење на информации, колкав е бројот на следени телефонски разговори и интернет комуникација со судска наредба , барале податоци за поранешен вработен во Управата кој според иницијалите е Звонко Костовски од ПУЧ, за потребите на предметот Тврдина сите наредби за посебни истражни мерки.

УБК е институцијата за која неколку пати од СЈО посочуваат дека прави најмногу опструкции во нивните истраги.

Најголем дел од одлуки на кривичен со кои се одбиваат предлозите за казнување функционери се потпишани од судијките Елена Илиевска Јосифовиќ и Александра Поп Стефанија.

директори инспектори казна Кривичен суд СЈО УБК функционери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

ВЕСТИ October 6, 2025

Во пресрет на очекуваниот прекин на огнот во конфликтот во Газа, претставници на Израел и…

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.