Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Квалификации за ЕП 2020: Србија искуба бод во Лисабон, нова „петарда“ на Англија

0
By Нова ТВ on March 26, 2019 СПОРТ
Фото: uefa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 26, 2019 00:19

Србија ја потврди добрата форма од пријателскиот дуел со Германија и против Португалија во квалификациите за Европското првенство во 2020 година. Фудбалската репрезентација на северниот сосед одигра 1:1 против актуелниот континентален владетел во Лисабон во рамки на групата Б. Стрелец за популарните „орли“ во ремито рамно на победа беше Душан Тадиќ во седмата минута од пенал, израмнувачкиот за Португалците беше дело на Данило Переира во 42. минута.

Покрај двата гола, првото полувреме го одбележа и повредата на Кристијано Роналдо кој во 29. минута побара да биде заменет на разочарување на домашните навивачи на стадионот на Бенфика. Второто полувреме, особено, последните дваесетина минути минаа во знак на португалската селекција. Во 73. минута, Антонио Рукавина играше со рака во сопствениот казнен простор за што полскиот судија Марчињак покажа на белата точка, а по реакција на српските фудбалери и консултацијата со еден од своите асистенци ја поништи одлуката.

Фото: uefa.com

Англија со нова „петарда“ во групата А и засега е единствена репрезентација со двоцифрен број на постигнати погодоци по два одиграни меча. По онаа против Чешка на „Вембли“ во петокот (5:0), овојпат ја „испали“ во Подгорица против селекцијата на Црна Гора за конечни 5:1. Црногорците поведоа преку Марко Вешовиќ во 18. минута по што мрежата на Петковиќ ја истресоа Мајкл Кин во 30. минута, Рос Баркли во 39. минута и во 59. минута, Хари Кејн во 71. минута и Рахим Стерлинг во 81. минута.

Убедливи победи и на Франција и на Турција во мечевите од денешната УЕФА програма. „Триколорите“ со 4:0 го декласираа Исланд во групата Х, а Турците со идентичен резултат ја испратија Молдавија од Ескишехир.

Квалификации за Европско првенство во фудбал во 2020 година

Група А

Црна Гора – Англија 1:5

Косово – Бугарија 1:1

Табела: Англија 6 (2 меча), Бугарија 2 (2), Косово 1 (1), Црна Гора 1 (2), Чешка 0 (1).

Група Б

Португалија – Србија 1:1

Луксембург – Украина 1:2

Табела: Украина 4 (2 меча), Луксембург 3 (2), Португалија 2 (2), Србија 1 (1), Литванија 0 (1).

Група Х

Франција – Исланд 4:0

Андора – Албанија 0:3

Турција – Молдавија 4:0

Табела: Франција 6, Турција 6, Албанија 3, Исланд 3, Андора 0, Молдавија 0.

#Португалија Англија ЕП квалификации Србија фудбал Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.