Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЛДП ги повика СДСМ, ДУИ и ДПА да се повлечат од пржинските преговори

0
By Нова ТВ on July 9, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Либерално-демократската партија е сериозно загрижена од темпото и нивото на задолженост на земјава, особено по официјализирањето на намерата на власта за издавање на нова еврообврзница од рекордни 650 милиони евра.
Овој чин на власта во заминување е погубен поради фактот што задолжувањето со еврообврзницата не е мотивирано заради продуктивна потрошувачка, туку од политички цели.
Затоа како конструктивна опозиција отворено и јавно го поставуваме прашањето –каква смисла имаат преговорите меѓу потписничките на Пржинскиот договор, за изнаоѓање на решение за политичката криза, кога власта под диктат на Никола Груевски се задолжува со нова еврообврзница за корупција на гласачкото тело, изјави на денешната прес конференција портпаролот на ЛДП, Филип Јаневиќ.

Според ЛДП, Оваа власт, уште еднаш, без око да и трепне, не само сегашните туку и идните генерации ги втурнува во уште поголема беда и сиромаштија, со товар да ги плаќаат каматите од нејзините расипнички трошења.

Со ваквото задолжување, велат од оваа партија, убедени се дека Македонија критично се доближува до грчкото сценарио и затоа ги повикува Социјалдемократскиот сојуз, ДУИ и ДПА, да се повлечат од преговорите за излез од политичката криза, се додека Владата предводена од ДПМНЕ не ја поништи оваа срамна одлука за издавање на еврообврзница од 650 милиони евра.

ЛДП не ја гледа смислата на продолжување на преговорите доколку на Груевски му остават на располагање 650 милони евра пред изборите што следуваат. Нема фер избори во ситуација во која власта со позајмени пари сака да купува гласови. Во вакви услови уште еднаш се потврдува дека изборите кога и да се одржат, би биле безпредметни, изјави Јаневиќ.

 

ВМРО-ДПМНЕ ДПА ДУИ еврообврзница ЛДП преговори Пржино СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.