Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија бара повлекување на азилот, не се откажува од екстрадиција

0
By Нова ТВ on November 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 22, 2018 09:24

Македонија ќе бара од Унгарија да се повлече одлуката за азил на Никола Груевски и не се откажува од барањето за екстрадиција, рече вчера министерката за правда Рената Дескоска. Нејзиниот унгарски колега Ласло Трочани, пак, изјави дека унгарската Влада ја исклучува можноста за екстрадиција, додека владиниот портпарол Миле Бошњаковски истакна дека Груевски ќе се врати во Република Македонија и тука ќе ја отслужи казната. Како целосно лажни ги оцени наводите во барањето азил и изрази очекување дека унгарските власти ќе ја отповикаат одлуката за азил и дека Груевски ќе биде екстрадиран.

– Владата размислува и ќе донесе одлука да испрати барање за повлекување на одлуката за азил на Никола Груевски, од причини што доколку одлуката е заснована врз определени факти кои не се такви какви што се, државата има право да ја отповика или да ја поништи одлуката, рече вчера Дескоска.

Истакна дека унгарските закони се доста рестриктивни и дури даваат и можности за отповикување на дадена одлука за азил, така што Владата размислува и ќе донесе одлука да испрати барање за повлекување на одлуката за азил.

Фото: Ројтерс (ДВ)

– Исто така, гледајќи го унгарскиот закон, оние кои добиваат азил, доколку во исто време не добијат државјанство, или трајно жителство, нивната одлука за азил се преиспитува, по службена должност на секои три години. Значи, доколку Груевски не добие државјанство, тогаш неговата одлука дури и во овој случај не биде преиспитана по барање на Владата, би требало според унгарските закони да биде преиспитувана на секои три години, појасни Дескоска.

Посочи дека кога ќе се поднесе барање за азил и кога државата ќе поднесе барање за екстрадиција, тие два процеси, ако одат паралелно, екстрадицијата чека додека не се даде одлуката за азил или ако не, воопшто не носат одлука никаква и не ја почнуваат постапката за екстрадиција, додека не се даде одлука во постапката за азил.

Додаде дека досега со Унгарија немале проблем околу екстрадицијата во ниту еден случај и оти Унгарија никогаш не покренала никакво прашање ниту за состојбите во затворите ниту за сомневања во делувања во судството за да одбие екстрадиција. – Ова не е прва екстрадиција што ја бараме, но се надевам нема да отскокне да биде прва што ќе биде одбиена, потенцира Дескоска.

Во делот што се однесува до помилувањата како основ за одбивање на екстрадиција, Дескоска рече дека постојат аргументи што ќе бидат дадени во тоа барање за поништување на азилот, затоа што тоа е одлука која треба да ја донесат унгарските власти.

– Нашето искуство од она што е практично право зборува дека нема основ за одбивање на екстрадицијата, нагласи министерката за правда.

Унгарија: Нема да има екстрадиција

Во меѓувреме, унгарскиот министер за правда Ласло Трочани рече дека унгарската Влада ја исклучува можноста за екстрадиција на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Македонија. – Груевски откако доби азил во Унгарија не може да биде испорачан во земја во која e цел на прогон, кажа Трочани.

 

Од Министерството за правда за МИА вчера изјавија дека на секои три години повторно се разгледува статусот на секој кој добил азил во Унгарија (супсидијарна заштита), што е предвидено според постапките за азил на Унгарската канцеларија за имиграција.

Барањето за азил, како што појаснуваат оттаму, мора да биде разгледано пред барањето за екстрадиција, затоа што не може еден административен орган за лицето да одлучи да не се враќа во одредена земја, друг административен орган да наложи враќање во таа земја. Затоа, постапката за азил претходи на постапката за екстрадиција.

Од овие причини, Република Македонија, како демократска земја ја разбира ваквата постапка. Се надеваме дека унгарските власти кога ќе го разгледаат барањето за екстрадиција и сите гаранции кои ги достави Министерството за правда и ќе увидат дека наводите во барањето за азил се лажни и дека ќе ја отповикаат одлуката што е предвидено како можност во унгарскиот закон, велат од МП.

Што е напишано во барањето за ектрадиција

Во барањето за екстрадиција се наведени сите постапки за кои во моментот на неговото изготвување имавме сознанија дека се водат пред правосудните органи во Република Македонија. Станува збор за вкупно десет постапки од кои едната е правосилна завршена, сите други се во тек.

Тоа е направено со цел, во случај да дојде до екстрадиција на Груевски, да се избегне начелото на специјалност (да не може да биде гонет за ништо сторено пред дозволената екстрадиција).

Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски вчера на прес-конференција рече дека наводите на Груевски во барањето за азил се неточни.

– Наводите во барањето за азил се целосно лажни и очекуваме дека унгарските власти ќе ја отповикаат одлуката за азил и дека Груевски ќе биде екстрадиран, рече тој.

На прашањето каде се пропустите и кој е одговорен за бегството на Груевски од кое поминаа десет дена, а нема информации, владиниот портпарол одговори дека се водат две постапки во МВР и кога сите информации ќе бидат утврдени, детални и темелни, ќе бидат презентирани во јавност.

Шефот на дипломатијата Никола Димитров рече дека е иронија е и парадокс земја членка на ЕУ да му даде заштита на осуденик.

– Македонија во решавањето на случајот со унгарските власти ќе инсистира на почитување на владеење на правото и ќе ги земе предвид сите национални интереси вклучувајќи и интересот за добри односи со Унгарија, рече вчера Димитров.

Европската комисија вчера соопшти дека унгарските власти за сега не потврдиле дека одобриле азил за поранешниот премиер Никола Груевски.

Правилото, посочува ЕК, е дека земјите индивидуално одлучуваат за одобрување азил, но ЕК потсетува и дека после години назадување Македонија остварила „добар прогрес“ во оваа област, што е потврдено од страна на земјите членки во јуни.
Еврокомесарот Јоханес Хан порача дека од Виктор Орбан ќе бара објаснувања доколку извештаите дека е одобрен азил за Груевски бидат потврдени.
Унгарската служба за имиграција и бегалци во вторникот му одобри политички азил на Груевски, по кого Македонија распиша меѓународна потерница заради издржување на двегодишната затворска казна. Македонското Министерство за правда истиот ден до унгарските власти го достави и барањето за екстрадиција на Никола Груевски од Унгарија.

Против Груевски се водат четири кривични постапки пред судовите, а за него се водат и четири истраги и една предистражна постапка за кои можат да се покренат обвиненија во зависност од истрагата.

азил Влада Груевски Дескоска Димитров ЕК екстрадиција Министертво за правда Трочани Хан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.