Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милошоски: ОЈО да реагира по допрен глас по завршните зборови на Бојан Јовановски

0
By Нова ТВ on June 3, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обвинителството да почне истрага по допрен глас по завршните зборови на Бојан Јовановски-Боки 13 во „Рекет“. Вакво барање испорача Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција при што се повика на исказ на првообвинетиот во случајот во кој тврдеше дека „поранешниот премиер Зоран Заев му рекол дека СЈО направило лошо со отворање на предметот „Империја“ од причина што Орце Камчев имал под контрола тројца пратеници, а Сашо Мијалков повеќе за гласањето на уставните измени“.

„Она што го сметам за важно во овој случај е дека во телефонот на првообвинетиот во случајот „Рекет“ се тврди дека постои СМС порака од 16 април во минатата година во која господинот бивш премиер Зоран Заев на првообвинетиот му пишал „Дојди да се видиме и ќе ги соочиме доказите“. Се поставува прашањето како дошле доказите за „Рекет“ до бившиот премиер Зоран Заев на 16 април минатата година, кога истиот Зоран Заев тврдеше дека пријавата за „Рекет“ ја направил на 2 мај? – Дали тоа значи дека доказите од Обвинителството прво одат на проверка во владата на СДСМ и кај Зоран Заев, а дури потоа одат во судница?“, запраша Милошоски кој е меѓу осомничените во случајот „Моќник“.

Милошоски на прес-конференција апелира за вештачење на телефонот на Јовановски, меѓутоа и на лидерот на СДСМ, Заев. Во завршните зборови за „Рекет“, првообвинетиот во предметот спомена неколку лица од власта, но и од опозицијата, како и до обвинителката Вилма Русковска која ја обвини за корупција. Таа, пак, пред медиумите и јавноста истакна дека телефонот е извештачен, додека за изнесените обвинувања истакна дека и Јовановски и било кој друг што поседува докази, истите да ги достави.

Неговиот адвокат, пак, Сашо Дуковски рече дека Обвинителството не покажало докази за делото за кое се товари неговиот клиент, Јовановски. Според него, целата постапка се водела со селекција на докази од Обвинителатвото, без да се дадат на увид изјави на сведоци, со нецелосни и незавршени вештачења и наводното тврдење на оштетениот сведок, кој го пријавил случајот.

Антонио Милошоски барање Бојан Јовановски ВМРО-ДПМНЕ Допрен глас завршни зборови истрага Македонија ОЈО Рекет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.