Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова енигма за лекарите: Долгорочно позитивни пациенти

0
By Нова ТВ on April 23, 2020 СВЕТ
Фото: businessinsider.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 23, 2020 10:48

Во време кога голем број земји ги олабавуваат рестриктивните мерки или ги најавуваат за претстојниот период, доаѓаат информациии кои ги релативизираат досегашните искуствени сознанија за вирусот. Во Кина, која прва ја стави епидемијата под контрола, сега се појавуваат случаи на лица кои се опоравиле од ковид-19, но нивните тестови потоа велат дека тие сè уште се позитивни, притоа и аспимптоматски.

Според „Ројтерс“, тоа е најголемиот предизвик зa лекарите во Кина, која се наоѓа во нова фаза на борбата против пандемијата. Споменатите пациенти по опоравувањето биле тестирани и нивните резултати биле негативни. Но, потоа кога биле повторно тестирани, тестовите биле позитивни. Некои биле позитивни и по 70 дена од опоравувањето. Лекарите потврдиле дека има многу кои добиле позитивен тест и 50 до 60 дена по опоравувањето.

Пациентите во кинеските болници се пуштаат дома доколку имаат два последователно негативни теста спроведени во период од 24 часа. Сега некои лекари сметаат дека пред пуштање на пациентот од болница бројката на негативни тестови треба да се зголеми нa три или повеќе.

Според здравствените власти во Кина, засега нема докази дека заразиле некого лицата кои се долгорочно позитивни на вирусот. Кина нема објавено податоци колку пациенти спаѓаат во таа категорија. Според изјави од кинеските болници за „Ројтерс“, но и други медиумски извештаи, имало десетици такви случаи. Кинески лекари сметаат дека токму ваквите случаи покажуваат дека сè уште не се знае доволно за ковид-19 и начинот на кој ги погодува луѓето.

Антителата не се гаранција за заштита од идна зараза

Бидејќи не се знае доволно дали и колку се заразни лицата кои биле излечени, а повторно се позитивни на коронавирусот, тие се држат во изолација подолго време.

Директор на оддел за заразни болести во болница во Пекинг изјавил дека мнозинството од тие долгорочно позитивни пациенти немаат симптоми и дека на ретко кој му се влошило здравјето, откако се пуштени од болница. Но, потенцирал дека „кога станува збор за оваа болест, непознаницата е сè уште многу поголема од нештата што лекарите ги знаат“.

Од тие причини здравстените лица и не можат да објаснат зошто вирусот кај споменатата категорија на пациенти се однесува така. Дел од лекарите ја отфрлаат можноста дека овие лица „повторно се заразиле“, бидејќи немале како да се заразат, со оглед дека по опоравувањето остануваат во карантин. Според други, било воочено дека пациенти со слаб имунитет невообичаено бавно се справуваат со вирусот. Исто така, било воочено дека антителата што пациентите потенцијално ги развиле, не се гаранција дека ќе бидат поштедени од идна зараза. Но, и дека некои пациенти со голема концентрација на антитела нa тестовите – сè уште биле позитивни на вирусот!

Озонска терапија

Во недостиг на знаење за сите траектории и моќ на вирусот, се бараат начини за поефикасно лекување на заболените од ковид -19. Но, и на тој план доаѓаат контрадикторни информации: дека примената на хлоракин и хидроксихлоракин во некои земји дава одлични резултати, а во некои не, што допрва ќе биде предмет на анализи. Дилемите околку користа на озонската терапија и натаму траат. Но, во некои земји сметаат дека е докажан нејзиниот придружен ефект. Ваквиот став го презентира д-р Иво Петров од софиската „Аџибадем сити клиник“.

„Поентата е да се најде вистинската доза која има силен антивирусен ефект, а притоа да не ги оштети човечките клетки. Во Шпанија, каде колегите се здобија со болно искуство од илјадници пациенти, вклучена е употреба и на озонска терапија како комплементарен третман. Дури и пред новата инфекција, Шпанија имаше огромно искуство со озонска терапија. Првата студија е направена од тим на Балеарските острови и резултатите се импресивни. Потоа ја примениле неколку клиники во Барселона и се покажало дека е многу успешна. Пациенти кои буквално биле на раб на интубација, се стабилизираат, а заситеноста со кислород не бара вештачка вентилација“, вели Петров.

Тој потенцира дека пред неколку дена Шпанија го одобри националниот протокол за третман на пациенти со коронавирус со озонска терапија.

Кина Ковид-19 лекување Озонска терапија пациенти резултати тестови Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.