Светската здравствена организација (СЗО) издаде дозвола за итна употреба на индиската вакцина против ковид-19 – Коваксин. Лекот го разви индиската компанија „Барат Бајотек“ во соработка со националниот Институт за вирусологија во Пуна.

Техничката советодавна група, што ја повика СЗО и составена е од регулаторни стручњаци од целиот свет, утврди дека вакцината Коваксин ги исполнува условите на СЗО за заштита од ковид-19, дека користа од вакцината е далеку поголема од ризикот и дека вакцината може да се користи, нагласија од СЗО.