НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Опозициските кандидати во цајтнот, Панчевски им прави сопки

1
By Нова ТВ on November 8, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СДСМ и Либерална партија на Ивон Величковски и денеска се пожалија дека Кривичниот суд не сака да им издава потврди за неосудуваност на кандидатите за пратеници.

Петре Шилегов носител на листата на шестата изборна единица денеска на прес конференција обвини дека ВМРО-ДПМНЕ преку претседателот на Кривичниот суд Владимир Панчевски се обидува го сруши изборниот процес.

„ВМРО- ДПМНЕ и Никола Груевски се сериозно исплашени од историските листи на СДСМ. Тие преку нивниот послушник Владимир Панчевски го опструираат изборниот процес. Согласно Изборниот законик, кандидатите за пратеници до Државната изборна комисија треба да поднесат Уверение од кривичната евиденција дека не се правосилно осудени на казна затвор од најмалку 6 месеци. Кандидатите од листите на СДСМ кои денес поднесоа барања подигнување на Уверенијата им е закажано на 15 ноември 2016 година, а рокот за поднесување на кандидатските листи е до 11 ноември 2016 година. Ваквото однесување на Панчевски, е класичен пример за злоупотреба на службената положба и води кон рушење на Изборниот процес“, рече Шилегов.

Тој вели дека искуството од претходните избори покажува дека овие потврди се издаваат во истиот ден на поднесувањето, и тоа во рок од еден час

За овој проблем, СДСМ денеска ги известило и Државната изборна комисија и Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, а писмо испратиле и до Панчевски.

Слична реакција денеска имаа и од Либералната партија. Партијата испратила известување до ДИК во кое се вели дека наишле на проблем во издавањето на потврдите за неосудуваност на кандидатите за пратеници од нивната партија.

„При доставата на документите, усно сме известени дека надлежниот суд веројатно нема да биде во можност да ги издаде потребните документи во следните седум дена.

Предупредуваме дека со тоа државата ќе спречи регистрирана политичка партија, да поднесе кандидатски листи за претстојните парламентарни избори. Нема да дозволиме државата узурпирана од четири партии да не спречи во правото на политичко дејствување и остварување на законските права“, пишува во соопштението на партијата.

На ова од Кривичниот суд велат дека „одредени поединци, кандидати на листи за претстојните парламентарни избори се обидуваат да го заобиколат законот со најразлични ургенции и повторно преку медиумите да извршат притисок и да ја сокријат својата неажурност“.

„Судот, како и секогаш, постапува по дадените законски рокови, а во пресрет на барањата на граѓаните, редовно и без никакви одолговлекувања ги издава бараните уверенија. Вообичаеното време за кое судот во рамки на своите можности издавало уверенија било три работни дена, но поради зголемениот обем на поднесени барања во моментов даден е рок од пет до седум дена. Почитувајќи ги законските рокови и целта за која се вадат уверенијата, сите реакции во врска со нашето соопштение не треба да бидат насочени кон судот, туку барателите  вината да ја побараат во ненавременото  доставување на барањата за издавање на потврда за Кривична и Казнена евиденција. Судот не може да биде одговорен за личната неажурност на барателите зошто до последен момент да не поднесуваат барања и судот да биде виновникот “, пишува во соопштението на судот.

барања Владимир Панчевски избори кандидати Кривичен суд Либерална партија неосудуваност потврди пратеници СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.