Тајван е нераскинлив дел од Кина и странска интервенција е неприфатлива, порача Кина како одговор на изјавата на претседателот на САД, Џо Бајден. Кинеските власти денеска упатија критика до американскиот претседател, кој рече дека САД ќе го бранат Тајван доколку е потребно во случај на негов конфликт со Кина.Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин ги коментираше изјавите на Бајден од вчерашниот форум на „Си-Ен-Ен“.

Тајван е нераскинлив дел од Кина. Странска интервенција е неприфатлива кога станува збор за Тајван, рече Ванг.

Тој, исто така, нагласи дека Кина одлучно ги брани своите интереси и нема да отстапи од нив.

Никој да не се обидува да ја тестира решителноста и капацитетот на Кина да го брани својот суверенитет и територијален интегритет, истакна Ванг.

Тој ги повика САД да го почитуваат принципот на интегритет на Кина и да не им даваат погрешни сигнали на сепаратистичките кругови во Тајван.