Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски во Мала Речица: Без граѓани од втор и трет ред, кираџии и газди, во мојот концепт сите се еднакви

0
By Нова ТВ on March 3, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: facebook.com/printscreen
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 3, 2019 15:14

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски имаше кратко обраќање пред членовите на Централниот совет (ЦО) на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) кои меѓудругото расправаат за потврдата на неговата кандидатура на претстојните претседателски избори. Пред присутните посочи дека се обраќа на покана на раководството на партијата во Мала Речица во пресрет на нивната формална одлука за поддршка бидејќи договорот на 31 политички субјект што застана зад него мора да мине низ процедури во секоја од партиите.

„Повеќе партии викендот имаат состаноци. Доаѓам од конгресот на СДСМ во Скопје каде што исто така формално треба да се потврди мојата кандидатура бидејќи без тоа не може да се продолжи со процедурата во Државната изборна комисија. Затоа и мојата посета на ДУИ и на неколку помали политички партии. Мојот концепт останува Македонија за сите, во која ќе нема граѓани од втор и трет ред и ќе нема потстанари и газди, односно, сите треба да бидат еднакви без разлика на етничка заедница, религија или политичка партија. Во тој концепт верувам и се залагав и пред да знам дека ќе бидам кандидат за било која функција“, рече Пендаровски.

Во однос на изборите и очекувањата од нив, Пендаровски рече дека не е важно кој ќе победи, туку е важно, во пресрет на одлуката на Европскиот совет во јуни, Македонија да покаже дека е способна и има капацитет да спроведе кристално чисти избори. За тоа истакна дека е потребен ангажман од сите почнувајќи од институциите, граѓаните и најмногу политичките лидери без оглед дали доаѓаат од власта или опозицијата бидејќи, како што посочи, најважно е Македонија да победи, да спроведе беспрекорни избори со кои ќе покажеме не само на опозицијата, туку и на Брисел дека неслучајно сме добиле покана за НАТО и оти за некој месец ќе станеме полноправна членка, туку дека и со полно право очекуваме во јуни да добиеме покана за членство во ЕУ, додаде Пендаровски.

ДУИ избори кандидат Македонија претседател Стево Пендаровски Централен совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.