Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почесниот конзул на Косово, Папранику, на информативен разговор во полициска станица поради сомнеж за поврзаност со случајот на Груби

0
By Marija Todorovska on December 18, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 18, 2024 13:50

Почесниот конзул на Косово во земјава, Арсим Папранику во моментот е на информативен разговор во полициската станица Карпош.

Тој, според објавите на медиумите, се поврзува со напуштањето на поранешниот вицепремиер Артан Груби на Косово.

Премиерот Христијан Мицкоски во понеделникот во гостување во „Click Plus” на ТВ21, откри дека Груби со дипломатско возило со еден стопанственик заминал за Косово.

– Моите информации се дека поранешниот директор на Државна Лотарија подолго време не е во земјата. Додека, поранешниот вицепремиер во текот на вчерашниот ден со еден стопанственик, со возило со дипломатски таблици ја напуштил Македонија и се упатил кон нашиот северен сосед Косово, рече Мицкоски.

Груби во неделата преку објава на Фејсбук напиша дека е во приватна посета на Косово и дека за тоа е известено неговото лично полициско обезбедување.

– Денеска патував за приватна посета. Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате. Редовно патував со моите патни исправи и за ова е известено и моето лично полициско обезбедување,  напиша Груби во објавата.

Груби и директорот на Државна Лотарија Перпарим Бајрами, кои се товарат за проневера на околу осум милиони евра од Државна лотарија, се недостапни за органите на прогонот. Основниот кривичен суд им одреди мерка притвор од 30 дена, а денеска Министерството за внатрешни работи распиша и меѓународна потерница.

Груби Конзул Косово Полициска станица Карпош
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.