Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнаа преговорите на СДСМ и ДУИ

32
By Нова ТВ on February 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Потпретседателите на ДУИ, Теута Арифи, Изет Меџити и Невзат Бејта, денеска се сретнаа со претставници од СДСМ, односно од работна група составена од Радмила Шекеринска, Рената Дескоска и Оливер Спасовски. Состанокот се одржа во Холидеј ин.

Првата ваква средба доаѓа откако претседателот Иванов побара од Социјалдемократите да соберат 61 потпис како доказ дека имаат мнозинство за формирање влада, за потоа да им го додели мандатот.

Шеќеринска изјави дека целта е формирање на стабилна Влада:
„Ова е прва средба и ваквите средби со потенцијалните коалициони партнери ќе продолжат откако ќе завршат дискусиите внатре во партиите. Целта е заедничка на двете партии, откако претседателот Иванов реши да не го додели мандатот на втората по ред партија, а тоа е Македонија да добие стабилна влада која ќе работи на реформите за подобрување на животот во земјава и за решавање на уставната криза. Ова беше кратка средба и се друго што би кажала би импровизирала така да денеска разговаравме за принципиелни точки“, рече Шекеринска, дополнувајќи дека за сите прашања на маса, јавноста ќе биде известена.
Теута Арифи, една од потпретседателите на ДУИ, изјави дека имале конструктивни разговори помеѓу работните групи.
„На маса ги ставивме истите барања како и претходно. Конечната одлука ја носи претседателот“, изјави Арифи.
По изборите на 11.декември, во законски предвидениот рок ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не успеаја да се договорат за формирање на мнозинство, откако Иванов му го предаде мандатот на екс-премиерот Никола Груевски како лидер на партијата со најмногу освоени мандати.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција порача дека го очекува мандатот по што следуваше и средба, на која Иванов го известил дека за да не го крши Уставот, бара доказ со 61 пратеник.
Влада ДУИ мандати потписи Радмила Шеќеринска СДСМ средби Теута Арифи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.