Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поздравена одлуката на Северна Кореја за прекин на нуклеарните проби

1
By Нова ТВ on April 21, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 21, 2018 16:38

Европската унија ја поздрави денеска одлуката на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за прекин на нуклеарните проби и тестирања на балистички ракети од страна на Пјонгјанг.

– Неговата изјава, која е, исто така, поздравена од Вашингтон и Пекинг, го изразува стремежот на Пјонгјанг да ги почитува меѓународните обврски, односно да ги исполнува резолуциите на Советот за безбедност на ОН, се наведува во соопштението на Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

Таа изрази надеж дека претстојните средби меѓу лидерите на САД, Северна Кореја и Јужна Кореја ќе доведат до „конкретни резултати“.

Велика Британија, исто така, смета дека плановите на Северна Кореја да ги запре нуклеарните проби претставува позитивен чекор. Во соопштението на британската Влада се наведува дека тоа е израз на добра волја.

– Продолжуваме ангажирано да работиме со нашите меѓународни партнери за целосно решавање на проблемот по мирен пат, што подразбира контрола и прекин на нуклеарната програма на Корејскиот Полуостров, се додава во соопштението на британската Влада.

Германија одлкуката на Пјонгјанг ја оцени како чекор во вистински правец, но Северна Кореја мора да ја разоткрие својата нуклеарна и ракетна програма, посочи германскиот министре за надворешни работи, Хајко Мас.

– За да влеземе во сериозен политички процес за целосна денуклеаризација на Северна Кореја, сепак е неопходно Пјонгјанг да следи специфични чекори и целосно да ја разоткрие својата нуклеарна програма, но на проверлив начин, истакна Мас.

Тој додаде дека тоа барање е „согласно очекувањата на меѓународната заедница“.

Северна Кореја денеска соопшти денеска дека прекинува со тестирањето на балистички ракети со голем дострел и планира да ги затвори полигоните за нуклеарни проби.

Пјонгјанг се одлучи на таков потег со цел одржување на „националниот фокус“ и подобрување на економијата.

Претседателот на САД, Доналд Трамп реагираше веднаш на „Твитер“ и напиша дека „ова е многу добра вест за Северна Кореја и за светот – голем напредок“.

„Со радост го очекувам самитот“, напиша Трамп на „Твитер“.

За одлуката на Северна Кореја се огласи и Москва.

Шефот на Меѓународниот комитет на Советот на Руската Федерација, Константин Косачов во порака објавена на Фејсбук, оцени дека одлуката на Северна Кореја не е доволна за да се нормализира ситуацијата на Корејскиот полуостров, туку се неопходни „оперативни, по можност демонстративни возвратни мерки” на САД.

– Прекин на агресивната и деструктивната реторика. Признавање на суверените права на Северна Кореја за сопствен развој. Престанување со заканите за промена на власта во таа земја преку надворешено мешање. Прекин на воените активности кај границата на Северна Кореја. Покренување на политички дијалог, наведе Косачов, кој изрази надеж дека меѓукорејскиот самит и самитот на Северна Кореја-САД „сигурно ќе се одржат”.

Кинеското Министерство за надворешни работи го поздрави потегот на Северна Кореја да прекине со нуклеарните и ракетни проби што ќе помогне, според нив, за намалување на тензиите на Корејскиот полуостров и унапредување на денуклеаризацијата.

Јапонскиот министер за надворешни работи Ицунори Онодера изјави дека не е време да се попушти со притисокот врз Пјонгјанг.

Германија ЕУ нуклеарни проби прекин реакции Русија САД Северна Кореја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.