Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Познавањето на знаковниот јазик да биде обврска за работа во училиштето за глуви и наглуви

0
By Marija Todorovska on December 3, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 3, 2024 14:40

Да се најде системско решение за долгогодишниот проблем во наставата на знаковен јазик за учениците кои се глуви или имаат оштетен слух во единственото средно училиште во земјава за нивна едукација „Партениј Зографски“ во Скопје – укажува Народниот правобранител кој денеска доставил препораки до Министерството за образование и наука. Главната меѓу нив е за вработување во училиштето да биде обврзно познавањето на знаковниот јазик на солидно ниво што ќе овозможи разбирливи предавања за учениците.

Според анкета што меѓу 20 глуви и наглуви ученици и 19 вработени наставници во училиштето ја спровела канцеларијата на Омбудсманот минатиот месец, констатирано е дека има наставници и со повеќегодишно работно искуство кои имаат  почетно ниво (од вкупно шест нивоа од која се состои обуката) на познавање на знаковниот јазик, што е доволно за основна, но не и за сигурна интеракција, како и наставници кои воопшто не го познаваат за да комуницираат со учениците бидејќи тоа не е задолжителен критериум за вработување. За квалитетна комуникација и поучување на учениците, наставникот треба да има минимум четврто ниво кое минатата учебна година го имале девет наставници. Ниту еден од вработените нема завршено шесто ниво на обука на знаковен јазик.

Соопштувајќи ги наодите од спроведената анкета денеска на прес-конференција,  заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа рече дека вработените на сопствена или иницијатива на раководството, посетуваат бесплатни обуки за изучување на знаковен јазик. Лиценциран обучувач на знаковен јазик е Национален сојуз за глуви и наглуви на Република Северна Македонија.

Анкетираните глуви и со оштетен слух ученици информирале дека најголем дел од наставниот кадар наставата ја реализира вербално, со пишување на табла или со споделување печатени наставни материјали, кои често не им се доволно јасни. Се изјасниле дека за нив тоа е сериозна пречка не само во наставата, туку и во секојдневната комуникација. Кога се испрашувани, учениците одговараат со помош на соученик кој е наглув и кој добро го знае знаковниот јазик и има улога на толкувач.

Учениците споделиле дека проценката на нивното знаење е нереална зашто „оценувањето е како лотарија“.

-Особено загрижувачки се изјавите на учениците дека оценувањето на нивното знаење не се базира на реална проценка на стекнатите знаења од наставниот процес. Како што самите наведоа, не добиваат квалитетно образование и се сериозно загрижени за својата иднина, бидејќи сметаат дека имаат недоволно стекнати знаења за да го продолжат образованието на факултет или да остварат вработување, што им создава чувство на нееднаквост и обесправеност, истакна Бајрамовска-Мустафа укажувајќи на одредбите во Конвенцијата за правата  на лицата со попреченост што нашата држава ја има ратификувано.

Поради ваквата состојба, НП и партнерските организации ја изготвиле Информацијата со препораки упатени до МОН за унапредување на квалитетот на воспитно-образовниот процес кој овие ученици.

Покрај системско решавање на проблемот со вработување компетентен кадар, се препорачува и обезбедување континуирани обуки на вработените за употреба на знаковниот јазик, обезбедување сертифицирани толкувачи да се вклучат во наставата за која во моментов нема соодветен кадар, модернизирање на наставата со современа технологија, како и уредување на прашањето за инклузијата на учениците со попречености во новиот закон за средно образование.

Марија Башеска-Стојановска, претседателка на Асоцијацијата на толкувачи на македонски знаковен јазик „Гласни раце“ и толкувач на знаковен јазик во медиумите, рече дека проблемот со наставата на овие ученици по инерција се наследува низ годините и оти учениците апелираат дека е неминовна надградбата на кадарот кој работи во училиште што ги третира  учениците со оштетување на слухот и на говорот.

-За жал, кај нас тие долго време се ставени на листа на чекање за нужни промени. Алармантно е за да се оглушуваме, пораката е јасна – час побрзо треба да се изнајдат начини. Бидејќи не може само со покажување и пишување тотално глуво лице, кое не слуша и не зборува, правилно и квалитетно да ја прими наставата… Глувите лица сакаат да одат во високото образование и најчесто се обесхрабрени зашто излегуваат со мал фонд на знаење. Иако поединци ни покажаа дека можат да бидат високообразовани луѓе, рече Башеска-Стојановска.

На знаковен јазик на прес-конференцијата се обрати и Стефан Ѓиков од Младинското здружение на лица со оштетен слух „Млад знак“ кој ја поздрави иницијативата на Народниот правобранител.

-Да се зголеми фондот на знаење на знаковен јазик за сите наставници, без разлика во кое училиште работат, на образовните асистенти и на родителите чии деца се глуви за да можат да воспостават комуникација со нив, рече Ѓиков.

Во ДУЦОР „Партенија Зографски“-Скопје во оваа учебна година се образуваат 45 ученици – шест повеќе од минатата учебна година. Од нив, 20 ученици се со оштетен слух (глуви и наглуви) кои имаат потреба од исклучиво користење на знаковен јазик во комуникацијата, кој за нив е мајчин јазик. Останатите ученици во училиштето имаат друг вид попречености.

глуви лица Знаковен јазик омбудсман
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.