НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Преговори: За Македонија, квалитетот на решението е поважен од рокот

0
By Нова ТВ on June 8, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Работните групи работат на текстот на договорот што на најсоодветен начин ќе ги отслика суштинските параметри од постигнатото политичко разбирање меѓу двете страни, соопшти македонското МНР во врска, одговарајќи на шпекулациите во јавноста поради недостатокот на официјални информации за тоа до каде е текот на преговорите за решавање на спорот за името.

– Квалитетот на текстот на договорот и потребата од постигнување на трајно и одржливо решение прифатливо за двете страни, се далеку поважни од потребата процесот да се финализира во каков било рок, се истакнува во соопштението.

Речиси во истовремено кога беше објавено соопштението на МНР изјава за медиумите даде и премиерот Заев, за време на посетата на Желино, во која потенцира дека решението за името ќе биде многу брзо, но додаде дека не би давал други коментари освен заедничкото сооопштение на МНР.

– Можеби ние ќе ѕвониме спрема Атина и се надевам дека тоа ќе биде многу брзо. Јас не би давал нови коментари освен заедничкото соопштение што беше пуштено преку МНР. Тоа кажува дека навистина сме многу блиску, но е многу важно решението да биде одржливо и трајно. Да биде сто отсто безбедено за генерациите коишто доаѓаат, дека договорот што ќе го постигнеме ќе го крепи ова пријателство. Како што гледате јас останувам оптимист, иако не е лесно, чуствително е но е многу важно, рече премиерот.

Претходно вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи од Брисел порача дека наредните часови можат да бидат клучни за исходот од преговорите.

Нема официјална најава за разговор иили средба на премиерите

Официјална потврда за евентуалниот телефонски разговор или средба меѓу премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас се уште нема, ниту од македонска, ниту од грчка страна.

– Имаме сериозен напредок и како никогаш порано двете земји не биле поблиску до решение. Наредните часови можат да бидат клучни за исходот од преговорите и се надевам дека евентуално позитивниот исход ќе создаде атмосфера за продлабочување на односите меѓу Македонија и Грција, како и услови за забрзано продлабочување на евроатланската перспектива на Македонија, порача Османи вчера во Брисел на средбата со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини.

Османи во интервју за МИА нагласи оти е важно да се задржи довербата меѓу Македонија и Грција во процесот на преговори за решавање на спорот за името.

На прашањето дали процесот е заглавен Османи истакна дека не може да навлегува во детали, поради сензитивноста на прашањето, а во врска со тоа дали има ризик да се загуби довербата нагласи оти нема такви индиции.

Додаде дека позициите за Македонија во ЕУ ќе бидат многу потешки ако не се реши името.

Медиумите во двете земји напоменуваат дека до сабота течат последните рокови во кои граѓаните на Македонија и Грција треба да бидат информирани дали постои заемна согласност околу последниот предлог-пакет за компромисно решавање спорот, но за ова нема официјални потврди.

Во исчекување на телефонскиот разговор и позитивниот одговор од Заев е најчестиот коментар, но и наслов во грчките медиуми во однос на евентуалниот договор меѓу Македонија и Грција.

Новинарите во Грција, прогнозираат, повикувајќи се на свои информации, но и на информациите пласирани во македонските медиуми во изминатиот период дека телефонскиот разговор меѓу двајцата премиери би можел да се случи следните денови. Некои од медиумите коментираат дека се во прашање часови за да се затвори долгогодишниот проблем меѓу Македонија и Грција.

Коѕијас објави делови од договорот

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, минатата недела во интервју за ЕРТ објави дека договорот е на околу 20 страници, а во него се споменати сите прашања: иредентизмот,  уставната ревизија, ерга омнес, името и развивање на агенда за соработка, како и временскиот рок во кој ќе се имплементира сет тоа.

Употребата на името, односно ерга омнес е главното прашањето на кое што, според грчките медиуми, Атина очекува позитивен одговор од премиерот Заев.

Во однос на името, и покрај тоа што ниту македонската ниту грчката страна, јавно и официјално не ги отвораат картите дали постои договор, медиумите во Грција, веќе неколку денови тврдат дека е договорено „Република Северна Македонија“.

– Верувам оти процесот е на самиот крај и оти крајот ќе биде среќен и успешен. Не треба да се избрзува, бидејќи се уште се создаваат околностите за да се случи телефонскиот разговор, истакна на почетокот на неделава македонскиот премиер, кој во овие моменти не сака да шпекулира за можното решение.

Грција останува на ставот дека на потег е македонската страна. Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас кажа дека големото „да“ или големото „не“ Атина го очекува од Скопје деновиве. Тој рече дека неговото чувство е оти раководството на соседот сега, кога треба да завршеле со прашањето, ги сфатило големите тешкотии што постојат за имплементација на договорот.

Релативно појасна е временската рамка која беше договорена претходно на ниво на министри за надворешни работи, а по која работни групи од двете министерства се состануваа во Атина за да ги договорат деталите.

Најпрво Заев и Ципрас би го потпишале договорот, по што ќе следува негова ратификацијата во Парламентот. Откако тоа ќе се случи Грција би ги откочила поканата за членство во НАТО и датумот за почеток на преговорите со ЕУ. Наесен би имало референдум за решението на кој како што најави и самиот Заев граѓаните би го имале последниот збор. Потоа би следувале уставните измени кои ги бара грчката влада за компромисното име да стане и за внатрешна употреба.

Во Грција, завчера се одржаа протести во 24 градови на кои се бранеше „грчкиот карактер на Македонија“, а за 8 јули закажан е нов протест во Атина, зад кој стои организација под името „Комисија за заштита на правата на влашки Грци што живеат во Скопје и заштита на грчкиот карактер на Македонија“.

Коалицискиот партнер на Ципрас, Независни Грци смета дека протестите ги покажале желбата и патриотизмот на Грците. Портпаролката на Независни Грци, Мадалена Пападопулу, коментирајќи ги собирите низ цела Грција, но и најавите за нов протест во Атина, рече дека доколку навистина се одржи, таа лично ќе присуствува, како што учествувала и на минатиот во грчката престолнина.

Го повтори ставот на Независни Грци дека нема да поддржат име со терминот Македонија.

Тивката дипломатија на САД

Иако сите меѓународни играчи велат дека спорот е билатерален и дека треба да си го решат Македонија и Грција, САД соопштија дека водат тивка дипломатија за рашавање на спорот.

Помошникот државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел, изјави дека САД продолжуваат да играат тивка улога во процесот на решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција.

– Неодамна зазедовме заеднички став не само за Србија и Косово, туку работиме и на БиХ, на прашањето за името помеѓу Македонија и Грција. Како што напоменав, дел од нашиот тим во моментов работи на ова прашање, а САД продолжуваат да играат тивка улога заедно со ЕУ, Германија и останатите, охрабрувајќи да се најде решение за името, за да ја видиме Македонија како членка на НАТО, рече Мичел во обраќањето на Херитиџ фондацијата, каде ја промовира стратегијата на претседателот Доналд Трамп за Европа.

САД веќе долго време им даваат поддршка на Република Грција и Република Македонија во однос на решавање на спорот со името, истакна и амбасадорот Џејс Бејли, одговарајќи на новинарско прашање на пауза од првиот Македонски енергетски форум 2018 во Струга.

– Продолжуват преговорите меѓу двете земји со помош на ОН. Со оглед на специфичноста јас ќе им оставам на двете земји да изнајдат заедничко прифатливо решение, кое граѓаните го чекаат долго време, рече Бејли.

Бејли Заев Коѕијас Мичел МНР Османи преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.