Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Приговорите на СДСМ и БЕСА можат да ги сменат изборните резултати

0
By Нова ТВ on December 14, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 14, 2016 17:55

СДСМ до Државната изборна комисија поднела вкупно 8 приговори. Пет од приговорите се поднесени за избирачки места во Теарце, а три за избирачки места во Тетово, двете се наоѓаат во изборна единица 6 во која носител на листа од опозицијата беше Петре Шилегов, а од ВМРО-ДПМНЕ е Влатко Ѓорчев.

Како што дознаваме приговорите поднесени за гласачките места во Теарце се поднесени поради неусогласеност на гласачките ливчиња. На некои избирачки места во кутијата имало помалку ливчиња од бројот што е наведен на кочанот, а на други пак во гласачката кутија имало вишок ливчиња.

Според членот 151 став 3 од Изборниот законик, на места во кои има несогласување на бројот на ливчиња, треба да се прегласа.

„Државната изборна комисија со решение ќе го повтори гласањето на гласачките места во случаите од ставот (1) на овој член каде што гласањето е поништено само ако вкупниот број на запишани избирачи на тие избирачки места на ниво на изборна единица, град, односно општина влијае врз вкупните резултати.“, пишува во Изборниот законик.

Во шестката ВМРО-ДПМНЕ го води СДСМ за само 307 гласа. Според податоците на веб сајтот на Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ освоила 26.135 гласови, додека СДСМ има 25.828 гласа.

Приговорите поднесени за Тетово, се однесуваат за агитирање на гласачи на самиот изборен ден. За ова има и лица кои се сведоци на целата ситуација.

Приговори до ДИК поднесоа и од БЕСА за изборната единица 2.

Комисијата за сите приговори треба да расправа на јавна седница и да донесе одлука во рок од 48 часа од поднесувањето на приговорите. Ако членовите на ДИК ги отфрлат приговорите на политичките партии, тие имаат рок од 24 часа да поднесат тужба до Управниот суд, од каде пак имаат рок од 48 часа да донесат одлука.

Беса Дик избори одлука прегласување приговори СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.