Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Работна вечера во Париз: Меркел кај Макрон пред клучната недела за датум за преговори (Видео)

0
By Нова ТВ on October 13, 2019 СВЕТ
Фото: irishtimes.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 13, 2019 20:27

Францускиот претседател Емануел Макрон е домаќин на германската канцеларка Ангела Меркел во Париз. Двајцата државници ќе имаат работна вечера во пресрет на круцијалната недела на преговори за Брегзит меѓу Европската унија и Велика Британија, а, според најавите, меѓудругото, ќе биде отворена и темата за турските воени операции во североисточна Сирија.

Меркел пред малку пристигна во Елисејската Палата на средба со Макрон што е од значење и за Северна Македонија. Извори во дипломатските кругови во Брисел деновиве ја окарактеризираа и како последна шанса на германската канцеларка за омекнување на ставот на официјален Париз и усогласување на ставовите за добивање на датум за почетокот на пристапните преговори за нашата земја и Албанија со ЕУ.

„Се надеваме дека Париз уште еднаш ќе размисли за својата позиција и дека нема да дозволи да биде изолиран во Европа од внатрешно-политички причини“, вели дипломат во Брисел за германската агенција ДПА.

Оценка е дека оној што сега ќе го блокира пристапниот процес ќе биде одговорен за можната дестабилизација на регионот.

Германската Влада смета дека Северна Македонија и Албанија ги исполниле сите услови што од нив ги побарала Европската Комисија. Германската агеција ДПА нагласува дека блокадата ќе биде особено горчлива за Северна Македонија, која се согласи на промена на името за да го откочи процесот на интегрирање во Унијата. Германија не е единствена што не се согласува со францускиот потег, пишува ДПА и додава дека таквиот став го споделуваат и многу други земји-членки на ЕУ.

Франција, пак, сака да поднесе предлог за нова методологија во пристапните преговори за членство во ЕУ на министерскиот состанок во Луксембург, со што би можело третпат да се одложи одлуката за датум за отворање преговори со Северна Македонија и со Албанија. Поголем дел од земјите во ЕУ се изјаснија позитивно за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија.

За утре е свикан нов состанок на COREPER, како обид за постигнување на консензус пред министерскиот Совет за општи работи кој треба да заседава во вторник, на 15-ти октомври во Луксембург.

Ангела Меркел датум Емануел Макрон ЕУ Париз Преговир Северна Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.