Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Разговори за Украина: Вчера Блинкен со Зеленски, денеска Бајден со Путин

0
By Sashko on December 7, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 7, 2021 07:47

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски во пресрет на телефонскиот разговор меѓу претседателот Џо Бајден и неговиот руски колега Владимир Путин.

Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс изјави дека САД остануваат посветени на политиката на отворени врати на НАТО и оти Алијансата треба да остане отворена за кандидатите, веднаш штом тие ќе бидат подготвени.

Украина, поранешна советска република, се обидува да се приклучи на Европската унија и НАТО.

Се договоривме за заедничка и координирана акција. Благодарни сме на американските стратешки партнери за нивната континуирана поддршка на нашиот суверенитет и територијален интегритет. Ништо за Украина без Украина, напиша Зеленски на Твитер.

Украина вчера ја одбележа 30-годишнината од основањето на независна армија, откако во 1991 година прогласи независност од поранешниот Советски Сојуз.

Украина ја обвини Русија дека распоредила десетици илјади војници долж границата како подготовка за можна воена офанзива со големи размери.

Русија ги отфрла обвинувањата за можен напад врз Украина како лажни, но му порача на Западот да не ја преминува „црвената линија“ и да го запре ширењето на НАТО кон исток.

На онлајн средбата меѓу Бајден и Путин најавена за денеска, се очекува американскиот претседател да ја предупреди Русија за сериозните економски последици доколку Русија изврши инвазија на Украина.

Владимир Путин Володомир Зеленски Ентони Блинкен разговори Свет Украина Џо Бајден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.