Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Разузнавачките служби предупредуваа на пад на Кабул и распад на војската на Авганистан

0
By Sashko on August 19, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Доверливите податоци од американските разузнавачки агенции во текот на летото предвидуваа многу мрачна слика за Авганистан, односно укажуваа дека Талибанците можат брзо да го освојат Кабул и да доведат до колапс на авганистанската армија, иако американскиот претседател Џо Бајден и неговите советници рекоа тоа е малку веројатно дека ќе се случи во краток временски период.

До јули, бројните извештаи на разузнавачките служби беа песимистични по прашањето дали авганистанската војска може да пружи сериозен отпор и дали владата може да го задржи Кабул, објави „Њујорк тајмс“.

На 8 јули, Бајден рече дека авганистанската влада „тешко ќе падне“ и дека нема да има хаотични евакуации на Американци, слични на оние што беа видени во Виетнам.

Предупредувањата преку летото поставија и прашање зошто членовите на администрацијата на Бајден и воените планери во Авганистан постапија неподготвени да се справат со последниот напад на Талибанците врз Кабул, вклучително и зошто не беше осигурана безбедноста на аеродромот во Кабул и зошто илјадници војници мораа да се вратат за да се заштити заминувањето на Американците.

Извештајот од јули, кога Талибанците веќе освоија десетици области, укажуваше на зголемени ризици во Кабул, во кој се наведува дека авганистанската влада не е подготвена за талибански напад, вели лице запознато со разузнавањето на службата.

Разузнавачките служби предвидуваа дека доколку Талибанците ги освојат градовите, сe друго ќе напредува многу брзо и дека постои реален ризик за распад на авганистанските безбедносни сили. Не е познато дали имало пооптимистички ставови во другите извештаи од тоа време за авганистанската армија и способноста на владата во Кабул да ги потисне бунтовничките напади.

Анализите презентирани на Конгресот заклучуваат дека Талибанците научиле лекции од нивната окупација на земјата во 90-тите години од минатиот век. Овој пат, се додава во извештајот, милитантите прво ќе ги окупираат граничните премини, провинциските престолнини и ќе освојат делови од северот, пред да се упатат кон Кабул, прогноза која се покажа како точна.

Меѓутоа, според „Њујорк тајмс“, клучните американски одлуки биле донесени пред јули, кога меѓу американските агенции постоел консензус дека авганистанската влада може да трае година или две, што ќе остави време за нормално заминување од Авганистан.

Afghan National Army officers keeps watch at a chek point in Kabul, Afghanistan July 8, 2021. REUTERS/Mohammad Ismail

Кога Стејт Департментот нареди повлекување на дел од персоналот од амбасадата во Кабул на 27 април, разузнавачките агенции проценија дека талибанската офанзива може да трае најмалку 18 месеци.

Во разузнавачките служби опстојуваа остри несогласувања. ЦИА беше песимист во врска со обуката на авганистанските безбедносни служби, но разузнавачката служба на Министерството за одбрана и некои други служби во Пентагон дадоа пооптимистички прогнози за подготвеноста на Авганистанците.

Воената и разузнавачката проценка беше дека владата во Кабул може да издржи најмалку една година пред да пристигнат Талибанците, но таа е изградена врз основа што се покажа дека е неточна, а тоа е дека авганистанската војска ќе се бори.

Повеќето американски проценки внатре и надвор од владата се фокусираа на тоа како авганистанските безбедносни сили можат да се справат со Талибанците. Во реалноста, тие дури и не се бореа за време на офанзивата на Талибанците низ целата земја, рече Сет Џи Џонс, експерт во Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон.

Разузнавачките служби со месеци ги споредуваа авганистанските сили со јужно виетнамската армија и крајот на Виетнамската војна. На армијата на Јужен Виетнам и беа потребни две години да падне, откако САД ги повлекоа своите војници и финансиска поддршка. Овој пат, оптимистите веруваа дека авганистанската армија, со американско финансирање, може да трае приближно толку долго, додека песимистите мислеа дека периодот ќе биде значително пократок.

На крајот, заклучуваат аналитичарите, Талибанците победија со стратегија што се покажа успешна за време на децениската војна во Авганистан – тие беа поодлучни од нивните противници.

Авганистан Влада војска извештаи Разузнавачки служби САД Свет Талибанци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.