Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сакето признаено како „нематеријално културно наследство“ во УНЕСКО

0
By Marija Todorovska on December 5, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 5, 2024 14:56

Древната јапонска култура процес на подготовка на саке е признаена од УНЕСКО како „нематеријално културно наследство“, за што производителите се надеваат дека ќе поттикне интерес за традиционалното оризово вино, како на светско ниво, така и во Јапонија – земјата откаде што потекнува напитокот, а каде популарноста се намалува.

Агенцијата за образование, наука и култура на Обединетите Нации – УНЕСКО вклучува практики, уметнички дела или вештини на својата листа на нематеријално културно наследство за да го поттикне нивното зачувување за идните генерации. Иако сакето игра важна улога во јапонското општество и традиција и често се служи за време на свечености, посебни оброци итн., домашната побарувачка за оваа напивка опаѓа, додека меѓународната побарувачка расте.

Јапонските претставници на состанокот на УНЕСКО во Парагвај ја одбележаа пригодата со дегустација на саке.

Производителите на саке се надеваат дека признанието на УНЕСКО ќе го зголеми неговиот извоз и ќе го заживее интересот дома.

– Многу сме среќни… Меѓународното признание ќе го обнови интересот на Јапонците за ова поле, а тоа би можело да поттикне поголем импулс за пренесување на овие вештини и знаења на следното поколение, изјави постојаниот претставник на Јапонија во УНЕСКО, Такехиро Кано.

Пијалакот се прави неколку недели, со ферментирање на мешавина од ориз, вода, квасец и шарена мувла којашто во Јапонија се нарекува „коџи“. Производството, сепак, повеќе наликува на правење пиво отколку – на вино. Пијалокот може да се сервира топол, ладен или на собна температура.

УНЕСКО, исто така, го одобри астурискиот јаболков пијалак од Шпанија и изработката на џиновски буриња во Гватемала, меѓу другите ставки и практики прифатени од списокот.

нематеријално културно наследство саке Унеско
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.