Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Секој момент е можен избор на нов спикер и влада

0
By Нова ТВ on April 25, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 25, 2017 14:59

Секој ден е можен избор на спикер на Собранието. Спикерот на Собранието ќе ги распише локaланите избори и ќе го отвори патот за избор на нова реформска Влада, изјави денеска Љупчо Николовски од СДСМ одговарајќи на новинарско прашање кога СДСМ и мнозинството ќе изберат нов претседател на Собранието.

Како што рече тој, одблокирањето на Собранието ќе биде дел на мнозинството во Парламентот, бидејќи граѓаните на изборите дале мандат на нова реформска влада.

– Граѓаните после изборите на 11 декември кои беа резултат на договорот од Пржино и на целиот тој процес во изминатиот период дадоа мандат на нова реформска и демократска Влада.  Мнозинството во Парламентот е создадено и наша одговорност е токму заради целиот оовј хаос, заради интересот на граѓаните, заради државните интереси, да ги одблокираме процесите и затоа секој ден е можен избор на претседател на Собранието кој ќе ги преземе сите натамошни чекори  и распишување на локални избори за да нема хаос во општеството и патот кон избор на нова демократска Влада, рече Николовски дополнувајќи дека се воделе преговори внатре во мнозинството, а не и со ВМРО-ДПМНЕ.

Како што дополни тој, мнозинството предводено од СДСМ имало план  и стратегија кои не може да се комуницираат за јавноста гласно преку медиумите заради целиот процес.

– Ние согласно Деловникот поставивме барања коишто малцинството со насилството коешто го прави во Парламанетот не дозволува да се гласа за да се покаже тоа мнозинство, за да се одблокираат институциите и Собранието, да се избере спикер, тоа е неодржливо од аспект од интересите на државата, државните интереси и интересите на граѓаните. Токму затоа е можен секој ден избор на претседател на Собранието и одблокирање на сите процеси во државата вклучително и избор на нова демократска Влада, потенцираше тој.

Николовски од СДСМ дополни дека тие се обидуваат да избегнат било каков конфликт, а таков вели, нема да дозволат ниту помеѓу граѓаните.

Влада ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Николовски мнозинство одблокирање парламент СДСМ Собрание спикер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.