Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сеад Кочан и Василије Авировиќ утре на распит во Кривичен суд

0
By Нова ТВ on March 1, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 1, 2017 15:42

Кривичниот суд им испратил покани за распит на осомничените за случајот што го отвори Специјалното јавно обвинителство под кодно име „Труст“, а предметите се распоредени кај судии на преходна постапка, соопштија за НОВАТВ од судот.

НОВАТВ од извори во Судот дознава дека осомничените Сеад Кочан, сопственик на „Транс мет“ и Василије Авировиќ, овластен потписник на „Силекс неметали СТ“, утре ќе се појават во судот, при што судии на претходна постапка ќе одлучуваат за барањето за притвор.

Специјалното јавно обвинителство побара мерка притвор за Кочан и Авировиќ по сите три основи: опасност од бегство, можност за повторување на постапката и влијание врз сведоци.

Според законот, откако осомничените ќе дадат изјава во Судот, судијата има рок од 12 часа да донесе одлука дали ќе го прифати барањето на СЈО за притвор.

Во случај судијата на претходна постапка да ги одбие барањата на СЈО и да не им одреди притвор на осомничените, Специјалното јавно обвинителство има право во рок од 24 часа да поднесе жалба до Кривичниот совет на Основниот суд Скопје, кој пак има рок од 48 часа да одлучи по жалбата. Доколку и советот ја одбие желбата, нивната одлука во тој случај се смета за второстепена, односно конечна. Во спротивно, доколку ја прифати или, пак, одреди други мерки за обезбедување на присуство на осомничените, тие имаат право на жалба до Апелацискиот суд.

Сеад Кочан, Василијие Авировиќ и Сафет Ватиќ се осомничени дека фалсификувале документи со кои добиле тендер од 17 милиони и 200 илјади евра од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол. Овие три фирми на тендерот настапиле како конзорциум, а главен носител била „Транс мет“.

За деталите од истрагата на СЈО за случајот „Труст“ можете да прочитате на овој линк.

Василије Авировиќ ЕЛЕМ Сеад Кочан Силекс неметали СЈО тендер Труст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.