Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Специјалниот пратеник Јоханес Хајндл утре пристигнува во Скопје

0
By Нова ТВ on May 11, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Специјалниот германски пратеник за Македонија Јоханес Хајндл утре пристигнува во Скопје, дознава НОВА.

Неофицијално, на неговата агенда се средби со лидерите на четири политички партии – потписнички на Договорот од Пржино, но засега не е предвидена средба со претседателот Ѓорѓи Иванов.

Како што минатата недела соопштија од германското МНР, специјалниот пратеник, во координација со претставниците на Европската Унија и на САД во земјава ќе посредува во решавањето на кризата.

Портпаролот на министерството за надворешни работи на Германија, Мартин Шефер минатата недела изјави дека изборот на актуелниот германски амбасадор во Виена за специјален претставник на Германија во Македонија ја одразува посветеноста на Федералната влада во Берлин за напредокот на Западeн Балкан.

„Внатрешната политичка ситуација во Македонија е причина за загриженост во Германската федерална влада. Затоа министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер одлучи да именува личен пратеник за состојбите во Македонија при што од амбасадорот Јоханес Хајндл побара да ја преземе оваа функција. Амбасадорот Хајндл од сега ќе работи заедно со Европската комисија, САД и со други партнери и ќе дава поддршка во нивната медијација за надминнување на политичката криза“, изјави денеска Шефер во Берлин.

Во биографијата на Јоханес Хајндл стои дека тој е роден во 1956 година во Минхен. Бил новинар, дипломат, а од јули 2015 година и амбасадор на Германија во Австрија. Претходно, тој бил шеф на политичкиот оддел и претставник во Комитетот за политика и безбедност (ПБК) на Постојаната мисија на Германија во Европската Унија.

Тој бил вработен во германската амбасадата во Југославија, потоа преку размена на претставници бил во американскиот Стејт департмент, а потоа и заменик-шеф на специјалните сили Западен Балкан при германското МНР.

Хајндл помеѓу 2001 и 2004 година бил шеф на одделот за Западен Балкан, а потоа до 2006 година бил претставник за Југоисточна Европа и Турција во Министерството за надворешни работи, пред да биде назначен за заменик-шеф на мисијата во САД од 2009 година

Од 3 септември 2009 година до 2011 година тој бил амбасадор во Чешка, а од јули 2015 година е германски амбасадор во Австрија.

аболиција ВМРО-ДПМНЕ ДПА ДУИ Иванов избори Пржино СДСМ специјален пратеник Хајндл
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.