Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Споменикот на Ќосето е во магацин во МЗТ, донаторот може да си го земе

1
By Нова ТВ on February 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Споменикот на Андон Јанев Ќосето кој нешто помалку од 4 години стоеше пред Врховниот суд во Скопје од утринава е во магацинот на Металски завод Тито, каде донаторот може да го подигне, а постаментот ќе биде урнат, бидејќи е дивоградба, соопшти градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Таму е оставен и ќе биде повикан донаторот да си го земе во определен рок од 15 до 30 дена. Постаментот е дивоградбата и тој ќе биде урнат. Предмет на истражување на дејствијата кои се преземаат од страна на надлежните органи не е самата статуа туку постапките, процедурите, начинот на кој е дојдено до нивното поставување и евентуалните злоупотреби при таквите постапки, додаде Шилегов.

На местото на постаментот ќе биде насадено дрво „за човекови права“ под кое ќе биде изгравиран Членот 10 од Општата повелба за човекови права на Обединетите нации. Дрвото што ќе биде насадено на местото на постаментот ќе биде набавено од Нинберг и e од видот гинко.

 

Во врска со тајмингот кога е отстранет споменикот, Шилегов изјави дека тоа е сторено во доцните часови за да не се закочи сообраќајот на улицата, поради трите големи возила што беа донесени за отстранувањето, како и да не се спречи работата на судовите што започнуваат со работа во утринските часови.

На забелешките дека споменикот на ист ваков начин и беше поставен од страна на минатата власт, Шилегов рече:

-Постаментот од минатата влада беше поставен „шверцерски“ во раните утрински часови, без никој да види, бидејќи знаеле дека е дивоградба.

Споменикот на Ќосето кој на ова место стоеше од септември 2014 година беше отстранет утрово во раните утрински часови по налог на градечениот инспектор од општина Центар. Оттаму соопштија дека соопшти дека по детално испитување на фактичката состојба, нивните надлежни служби донеле решение дека се работи за дивоградба.

 

При увидот на овластениот градежен инспектор на општина Центар, како што се наведува, е констатирано дека спомен обележјето не е поставено на одобрената микро локација и издаденото решение од страна на град Скопје.

Тој е дело од контроверзниот проект „Скопје 2014“ на Владата на Груевски и е поставен во времето на  градоначалникот Коце Трајановски, како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци-Попадинци и Крушоради од Лерин,

И самото Здружение познато по големите донации на споменици за Скопје, е обвиткано во контроверзи. НОВА пишуваше за тоа дека донациите на ова анономно здружение отворија сомнежи за потеклото на парите со кои што се правеле овие споменици. А се јавија и легитимни прашања – дали ова здружение е вистински претставник на граѓанскиот сектор или само фронт организација зад која се кријат нарачателите на едни од најконтроверзните споменици – политичката партија ВМРО-ДПМНЕ која во тоа време ја имаше власта.

Во ноември лани, новата влада им ги одзеде привилегиите кои што им ги даде Груевски во, според нив, нетранспарентна процедура.

За ликот на Ќосето во интервју за НОВА во 2014 година говореше професорот Владо Поповски кој тогаш рече дека на Ќосето не му е местото во Скопје на ниту еден начин.

https://www.youtube.com/watch?v=2m_Cpy5n6hM

Град Скопје донатор магацин Ќосето Шилегов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.