Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стејт Департмент: Калифатот на ИД пред пораз, Иран останува најголем спонзор на тероризмот

0
By Нова ТВ on November 2, 2019 СВЕТ
Фото: politico.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 2, 2019 10:30

Соединетите Американски Држави и нејзините партнери остварија голем напредок во борбата против меѓународните терористички организации во 2018 година, се наведува во годишниот извештај на Стејт департментот за борба против тероризмот. Како што е наведено во документот, заеднички е ослободена речиси целата територија што порано ја имаше Исламската држава во Сирија и во Ирак, или површина од околу 110.000 квадратни километри и 7,7 милиони мажи, жени и деца се ослободени од бруталното владеење на Исламската држава. На тој начин е отворен пат за конечно уништување на таканаречениот „калифат“ во 2019 година.

Во исто време, САД и нејзините партнери го продолжија прогонот на Ал-Каеда во светот, а применија и максимален притисок врз Иран за спречување на поддршка на тероризмот. Санкциите за државните актери во Иран и нивните соработници се значително проширени и се создаде посилна меѓународна политичка волја за да се спротивстави на овие закани, пренесува „Гласот на Америка“.

И покрај успесите, ситуацијата во 2018 година и натаму беше комплицирана, се вели во извештајот. Иако Исламската држава ја изгуби речиси целата физичка територија, групата успеа да се прилагоди, особено преку своите напори да ги инспирира и манипулира своите следбеници преку интернет. Во текот на изминатата година, глобалното присуство на Исламската држава еволуираше поради сродните мрежи и групи кои вршеа напади на Блискиот исток, јужна и источна Азија и во Африка. Покрај тоа, закоравените терористи од воената зона во Сирија и Ирак се вратија дома или ги испратија во трети земји, каде се заканува нова опасност од нив.

Сириските демократски сили, партнери на САД, заробија стотици борци на ИСИС минатата година. САД сакаа да бидат пример и имаше судења за американски граѓани кои се бореа со терористите во странство. Во меѓувреме, домашните терористи, инспирирани од идеологијата на Исламската држава, планирале и вршеле напади на таканаречени „меки цели“, вклучувајќи хотели, ресторани, стадиони и други јавни места. Нападот на Божикниот пазар во Стразбур, Франција, извршен во декември во 2018 година во кој загинаа три лица и 12 беа повредени, ја покажа способноста на домашните терористи да извршат удрат во срцето на Западна Европа, констатира Стејт департментот.

Иран и натаму е најголем спонзор на тероризмот во светот, се наведува во извештајот и се додава дека режимот во Техеран троши околу една милијарда американски долари секоја година за поддршка на терористичките групи кои се борат за негови цели и шират малигни влијанија ширум светот. Техеран финансира меѓународни терористички групи како што се Хезболах, Хамас и палестинскиот исламски џихад, но работи на сопствените терористички заговори во светот, а особено во Европа, се наведува во извештајот.

Во документот се истакнува дека Ал-Каеда и нејзините регионални ограноци остануваат закана за САД, нивните партнери, сојузници и интереси, бидејќи Исламската држава претрпе загуби, Ал-Каеда сака повторно да се позиционира како предводник на глобалното џихадистичко движење.

Во октомври Белата куќа ја објави Националната стратегија за борба против тероризмот, прва од 2011 година. Таа ја истакна потребата да се одговори на широкиот спектар на терористички закани со кои се соочува земјата, вклучувајќи ги ИСИС, Ал Каеда и групите за поддршка на Иран.

Во извештајот се истакнува дека САД ги продолжија своите напори за спречување на финансирање на тероризмот и дека ограничувањето на терористичките движења останува голем приоритет.

Ал Каеда Извештај Иран ИСИС Стејт Департмен тероризам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.