Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стоп за автомобилите во големите европски градови

0
By Нова ТВ on October 15, 2017 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
Сцени што заминуваат во историјата
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 15, 2017 12:57

Францускиот дневник “Le Monde” направи преглед на борбата против загадувањето во поголемите европски градови што ви го пренесуваме, помеѓу другото и како потсетник за нашите нови градоначалници што ветуваат почиста животна средина.

Париз

Центарот на Париз наскоро ќе стане зона без автомобили загадувачи

Градот на светлината, за да може да го задржи овој ласкав комплимент, најави дека до 2030 година автомобилите на бензин повеќе нема да смеат да возат низ градот. Ова го потврди градоначалничката на Париз Ан Хидалго. Дизел возилата први доаѓаат на ред и ќе бидат забранети веќе во 2024 година.

Нејзините најави се дел од планот “Клима” што ќе биде предмет на расправа во Советот на Париз овој ноември.

Париз, како и повеќе европски градови, има за цел да стаса до “нула” емисии од јаглерод.

Копенхаген

Денес Копенхаген има повеќе велосипеди отколу автомибили

Цел на градот е да се ослободи загадувањето со јаглерод до 2025 година. Така до таа година 50 отсто од транспортот низ градот ќе се одвива на велосипед. За таа цел градот инвестира 134 милиони евра во наредните 10 години.

Тука е и планот на “суперавтопатишта” за велосипеди кои се градат кон предградијата. Првиот од овие патишта беше отворен во 2014 година а ќе ги има вкупно 28 од кои 11 ќе бидат завршени во 2018 година. Предвидени се нови урбани столбови што ќе му овозможат на велосипедистот да ја потпре ногата на нив додека чека на семафор како и канти за отпадоци свртени кон велосипедската патека. Транспорот на велосипеди во регионалните возови ќе биде бесплатен, брзината ќе биде ограничена 40 км на час а паркинзите во градот ќе исчезнат за да се обесхрабри употребата на автомобили.

Оксфорд

Овој град ќе биде првиот во Велика Британија што ќе забрани ги сите автомобили освен електричните. Шест улици во центарот на градот ќе бидат затворени за термички возила а тука спаѓаат и автобусите и такси возилата. Потоа зоната ќе се прошири на сите возила во целиот центар до 2035 година. Возачите на електрични коли ќе плаќаат помалку за паркинг.

Цена на овие мерки е 8 милиони евра а иста сума ќе биде потрошена и за инфраструктура како камери способни да читаат регистрации на автомобилите и да праќаат казни до непослушните возачи.

Лондон

Во Лондон може да се влезе со автомобил кој загадува но за тоа се плаќа околу 13 евра на ден. Оваа патарина е воведена во 2003 година и е на сила од 7 до 18 часот од понеделник до петок.

Градот гради и патеки за велосипеди а дизел возилата ќе бидат забранети до 2040 година.

Осло

Во 2015 година градот најави дека ќе ги “избрка” сите возила од центарот до 2019 година. Оваа забрана оди заедно со инвестиции за јавен транспорт и замена за 56 км патишта со патеки за велосипеди. Затворањето паркинзи е уште една мерка на Осло за разубедување на возачите.

Брисел

Пешачката зона во центарот на Брисел е најголема во Европа

Во Брисел е направена најголемата пешачка зона во Европа која се протега на 50 хектари а градот продолжува со истата политика и проширување на зоните за пешаци. Во 2002 година започна, сега веќе традиционалната, “недела на мобилноста” со која се охрабруваат жителите да користат јавен превоз.

Годинава Брисел најави дека во 2018 година забрана за влез во градот ќе има за сите дизел возила постари од 10 години.

Хамбург

Овој германски град сака да воведе пешачење и возење велосипед како главен транспорт. Во текот на наредните 20 години Хамбург ќе го намали бројот на автомобили затворајќи го пристапот во некои градски зони.

Градот планира и зелен појас со кој употребата на автомобил ќе стане непотребна и ќе покрива 40 отсто од површината на градот до 2035 година. Зелениот појас ќе има паркови, игралишта за деца и спорт и гробишта.

Берлин

Движењето низ Берлин не мора да носи загадување

Во 2008 година германската престолнина креираше урбана зона со ниски емисии која се протега на 88 км2 и се однесува на третина од жителите. Сите возила на бензин и дизел кои не одговараат на критериумите се забранети. Берлин најави и план за изградба на десетина “суперавтопатишта” за велосипедисти. Изградбата почнува на крајот на оваа година.

Мадрид

Електричните велосипеди го освојуваат Мадрид

И Шпанците полека се ослободуваат од загадувачите на четири тркала. Градончалничката Мануела Кармена вети минатата година дека до мај 2019 година Гран Виа, големата улица во центарот, ќе се претвори во пешачка зона. Авенијата ќе биде резервирана за велосипеди, автобус и таксисти.

Ова одлука е дел од планот за забрана за возила во дел од центарот до 2020 година. Архитектите урбанисти работат на трансформација на 24 прометни улици во пешачки зони. Казната за возачите кои ќе ги прекршат правилата ќе мораат да платат 90 евра казна а автомобилите што загадуваат ќе мораат исто така да посегнат за паричникот за да можат да се паркираат.

Амстердам

Во Амстердам велосипеди одамна се побројни од автомобилите

До 2030 година сите возила што влегуваат во градот се приморани на нула емисии на штетни гасови. Дизел возилата се веќе забранети а улиците во центарот на градот се пешачки. За да можете да се паркирате во центарот треба да има карта на жител. Оваа карта може да чини и 600 евра годишно.

Извор: Le Monde

Амстердам бензин Берлин Брисел велосипеди дизел животна околина Загадување Лондон Мадрид Оксфорд Осло Париз Хамбург
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 27, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

ВЕСТИ May 27, 2026

Украинскиот претседател Володимир Зеленски испратил итно писмо до американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи го на…

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026

Собранието усвои ново државно задолжување од 260.000.000 евра

May 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран – Техеран се заканува со построг одговор

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.