Browsing: Австралија

Во пожарите, што од септември пустошат низ Австралија и повремено навлегуваат во населените места, досега животот го загубија 18 лица и уништена е површина од околу пет милиони хектари. Само оваа недела во Викторија изгореа 68 куќи, а во соседниот Нов Јужен Велс 381. Во двете држави пожарите се активни на приближно 200 точки

Како што соопшти австралиската метеоролошка служба, ветрот што на места дувал со брзина и до 154 километри на час предизвика бранови високи по неколку метри што, заедно со поројниот дожд, поплавија делови долж крајбрежјето во северозападниот дел на земјата

Франција ги совлада „сокероси“ со 2:1 со голот на Пол Погба во 81 минута, откако двете репрезентации добија по пенал од уругвајскиот судија Куња кој првиот го досуди по асистенција на ВАР технологијата

За нив ова ќе биде петто учество на мундијалите, четврто во низа по дебито во 1974 година. Најдобриот ефект го имаа на турнирот во Германија во 2006 година на кој играа во осминафиналето, фаза во која загубија од, тогаш, идниот шампион, Италија со гол од пенал на Франческо Тоти во 95 минута

„Кенгурите“ во реваншот го совладаа Хондурас со 3:1 и се најавија како 31 репрезентација на завршниот турнир во Русија. Нивниот капитен со хет-трик во второто полувреме се промовира во централна фигура на „АНЗ“ стадионот во Сиднеј во реванш баражот со претставникот на КОНКАКАФ зоната. Последниот патник на мундијалот ќе биде познат ноќеска по одигрување на дуелот меѓу Перу и Нов Зеланд