Анализа на ИФИМЕС од Љубљана: Западен Балкан 2020 – Обид за реприза на историјата

Комплексноста на ситуацијата во Западен Балкан го илустрира однесувањето и односот на Европската Унија (ЕУ) кон регионот. Официјално, постои постојана „поддршка“ и „загриженост“ на лидерите на ЕУ кон Западен Балкан, додека всушност ЕУ го оддалечува регионот од членство во ЕУ. Да биде парадоксот уште поголем, додека лидерите на ЕУ честопати изразуваат поддршка за Западен Балкан и нејзиниот евроатлантски пат, изразувајќи загриженост за влијанието на одредени земји во регионот, пред се Русија, Кина и Турција, со својата политика за (не)проширување, ЕУ всушност го турка Западен Балкан во „прегратка“ на Русија, а во исто време ги обвинува истите земји за блиски врски и соработка со Москва, Пекинг или Анкара, се потенцира во анализата на Меѓународниот Институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана

Пендаровски: Сребреница е сеќавање на опасниот вирус на нетрпеливост кон различните

Македонскиот претседател со видео-порака по повод геноцидот во Сребреница, каде пред 25 години над 8.000 луѓе, претежно мажи и деца беа систематски убиени, само поради тоа што беа Бошњаци. Тоа, нагласи Пендаровски, без дилема е еден од најмрачните настани во модерната европска историја за кој не постои никакво рационално оправдување

Тлото под Балканот никако да се смири: Уште една ноќ без спиење во Албанија

Европскиот сеизмолошки завод соопшти дека епицентарот бил на 23 километри од Драч, 42 километра северозападно од Тирана и со јачина од 4,5 степени по Рихтеровата скала што е најсилен по разорниот земјотрес на 26 ноември во кој загинаа 51 лице, а околу 2.000 се повредени. Два земјотреса ноќеска беа регистрирани и во БиХ

БиХ прокоцка два гола, Пјаниќ и херој и трагичар: Грција се спаси на „Билино поле“

Популарните „змаеви“ на Роберто Просинечки имаа 2:0 по првото полувреме во Зеница, но мораа да се задоволат со реми (2:2) во дербито на групата Ј против грчката репрезентација. Директен црвен картон во 65. минута доби Миралем Пјаниќ

Како до диплома во БиХ: Новинарка „завршила“ медицинско училиште за две недели

Според свидетелството, „ученичката“ Азра Омеровиќ од „Журнал“ успешно положила анатомија и физиологија, хигиена со здравствена заштита, микробиологија, медицинска психологија, заразни болести, патологија, хирургија, фармакологија и дека обработила и практична настава, а притоа не присуствувала на ниту еден час