Browsing: БиХ

Европскиот шампион ја порази Белорусија со 87:74, српските репрезентативци уживаа поддршка и од Новак Ѓоковиќ во победата над Австрија со 85:64, голема победа на БиХ над Русија, во легендарната „Скендерија“, со 81:76. Холандија ја шокира Хрватска во Алмере со 68:61, а Шпанија се оправда како фаворит против Црна Гора (79:66). Најубедлив триумф на стартот забележа Литванија над Косово (99:61)

„Бордо“ тимот го декласира Витез со 4:0 на стадионот „Асим Ферхатовиќ-Хасе“, 29 годишниот фудбалер од Вевчани се запиша во листата на стрелци во 55 минута и додаде за Ахметовиќ во 67 минута

„Триколорите“ славеа со 4:0 против „лалињата“ за чија среќа и Шведска загуби од Бугарија во Софија со 3:2. Очекувани победи на Швајцарија, на Португалија и на Унгарија во групата Б. БиХ прокоцка 0:2 во Никозија и на крајот загуби од Кипар со 3:2. Хет-трик на Лукаку и Муние во убедливата победа на Белгија против Гибралтар со 9:0

Избраниците на Душко Вујошевиќ, кои преку претквалификации станаа дел од 32. селекции на континентот што го продолжуваат патот кон мундијалот, завршија во групата Е во која го очекуваа пеколно тешка мисија против Франција, против Русија и против Белгија

По санирање на повредата во пределот на натколеницата на Мамиќ му било понудено да биде превезен во КБЦ „Сплит“ на натамошна опсервација, но тој го одбил таквиот предлог и побарал да се врати во хрватската престолнина што му било и овозможено. Извор близок до семејство го окарактеризира нападот како класична заседа, а очевидци истакнаа дека биле истрелани неколку куршуми од кои само еден завршил во него што подоцна е утврдено дека не погодил коска

За искусниот тренерски стручњак ова е трет репрезентативен ангажман во тренерска кариера. Претходно беше селектор на Србија и Црна Гора и на Црна Гора како независна држава

Македонија подобра од БиХ со 28:24 во првиот контролен дуел во Скопје пред настапот на СП во Франција. Утре и задутре уште два меча со истиот ривал, но затворени за јавност. Дејан Манасков вечерва беше најефикасен со осум гола

Гостинските навивачи, според информациите на медиумите од БиХ, биле нападнати пред стадионот „Јоргос Караискакис“ во Пиреја. На двајца им била укажана помош на лице место, третиот заврши во болница