Browsing: Битола

Пеце Петровски (29) решил со јавен настап на социјалните мрежи во саботата да даде поддршка на дете со аутизам од соседството, но и за подигнување на јавната свест и случајот да допре до надлежните институции, но за време на перформансот бил нападнат од сосед кому му пречела музиката

машкиот ракометен клуб Пелистер ќе добие 8,5 милиони денари, за истоимениот кошаркарски клуб се планирани 2,5 милиони денари, а еден милион денари ќе легнат на сметка фудбалскиот клуб кој моментно се натпреварува во Втора лига. Женската ракометна секција на Пелистер ќе искористи 750.000 денари, а поддршка врз основа на спонзорства и донации ќе добијат и кугларскиот клуб Пелистер и женскиот фудбалски клуб Топгол

Француската кинематографка ги освои симпатиите на жирито со филмот „Невидливиот живот на Евридика Гузмао“. „Сребрена камера 300“ доби Џинсонг Донг за филмот „Езеро дивите гуски“, „Бронзена камера 300“ му беше доделена на Даниеле Ципри за филмот „Пирани“ додека „Мала камера 300“ заврши кај Констанца Сандовал. Со награда „Златна камера 300“ за животно дело од Битола замина Јоргос Арванитис

Македонската машка репрезентација, по пауза од 13 години, имаше победнички кам-бек во Битола каде славеше над турскиот национален тим со 31:27 во првиот меч од групата 3 за завршниот турнир во Шведска, во Австрија и во Норвешка по две години. Во недела (17 ч.) во Кожани, „црвено-жолтите“ на гости кај репрезентацијата на јужниот сосед

Високата гостинка од Италија вечерва ќе прошета по црвениот тепих до Центарот за култура каде
свечено ќе и’ биде врачена наградата „Златна камера 300“ за особен придонес во светската
филмска уметност. Освен неа, во Битола, синоќа пристигна и Роџер Дикинс, лауреатот на „Златна камера 300“ за животно дело