Browsing: Европски парламент

Известувачот за земјава во Европскиот парламент говори за потребата од организирање на фер и демократски избори што е можно побрзо, за државата да може да има функционална Влада која ќе може да сноси одговорност и Парламент, кој ќе може да ја контролира нејзината работа. Ќучук притоа се осврнува и на несогласувањата меѓу Скопје и Софија и најавите за можна блокада на преговорите за членство од страна на Бугарија и повикува заедничката историска комисија да продолжи со својата работа, додека пак политичарите, вели тој, треба да се занимаваат со иднината

Владите на земјите членки на Европската Унија (ЕУ) создадоа „тимови“ за спречувањето на феноменот со лажни вести. Европската комисија објави правила за справување со дезинформации. Се придружи и Фејсбук кој отвори т.н. воена соба со 40 вработени лица во Даблин за да се запре ширењето на лажните приказни на интернет

Во новиот состав на Европскиот парламент, Словаците ќе имаат 13 пратеници, Летонците осум, а Малтежаните шест. Изминатите два дена гласаа жителите на В. Британија, на Холандија, на Ирска и на Чешка, утре се изјаснуваат останатите земји членки на Европската унија. Изборите почнаа во четвртокот, ќе траат до недела вечер и право на глас имаат 418 милиони луѓе низ Европската унија. Ова се едни од најголемите демократски избори во светот

Гласањето е закажано од 23 до 26 мај, дел од западните медиуми коментираат дека оваа година би можела да биде пресвртница во пост-воената европска политика пришто некои традиционални политички сили ќе станат слаби, додека екстремистичките, популистички партии би можеле да добијат повеќе влијание и да се вклучат во машинеријата на ЕУ