Browsing: ФФМ

Кандидатот за наследник на Илчо Ѓорѓиоски од ОФС Кавадарци е единствениот што, според членовите на комисијата, ги исполнувал општите и посебниот услов од Статутот на Фудбалската федерација на Македонија. Останатите тројца кандидати – Влатко Костов (ОФС Тетово), Вујадин Станојковиќ (ОФС Куманово) и Харалампие Хаџи-Ристески (ОФС Неготино и ОФС Ресен) се одбиени бидејќи не го исполнувале посебниот услов за кандидат за претседател на Фудбалската федерација на Македонија утврден со член 91 став 1 од Статутот на Фудбалската федерација на Македонија“. Сите тројца имаат право на жалба во рок од три дена

Довчерашниот тренер на Ренова е прв и засега единствен кандидат за наследник на Илчо Ѓорѓиоски во македонската Куќа на фудбалот. Вонредната изборна седница на Генералното Собрание на ФФМ, со одлука на УО од 31 јули, е закажана за 1 септември

Првиот човек на УЕФА овојпат ја удостои Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со свое присуство на отворањето на сместувачкиот капацитет при тренинг центарот „Петар Милошевски“ кој опфаќа 30 двокреветни соби што се целосно опремени за живеење, апартмани за селекторите и нивните соработници, како и заеднички простории – сала за состаноци, училници и заедничка кујна и трпезарија

Агенцијата за млади и спорт (АМС) насочи 5,2 милиони денари за ракометарите, по 4 милиони за фудбалерите и за кошаркарите и 1,5 денари за каратистите како поддршка на нивните настапи на меѓународната сцена, но и за организација на меѓународни натпреварувања чиј домаќин е Македонија