Browsing: фудбал

„Нероазурите“ го совладаа бундеслигашот со 2:0 на стадионот „Џузепе Меаца“ и се пробија до второто место на табелата во групата Ф во која Каталонците потешко од очекувањата излегоа на крај со Славија (2:1)

Со двата гола на Пауло Дибала, италијанскиот првак го совлада Локомотив Москва со 2:1, Баварците подобри од Олимпијакос во Пиреја со 3:2, Тотенхем со пет гола ги испрати „црвено-белите“ кон Белград

По ремито (1:1) против Шведска на „Френдс арена“ во Стокхолм, „црвената фурија“ се придружи на Полска, на Украина, на Русија, на Белгија и на Италија на континенталниот турнир во наредното лето. Финска, пак, го слави Тимо Пуки. Напаѓачот на Норич постигна два гола во убедливиот триумф (3:0) против Ерменија во Турку и ја доведе скандинавската селекција на чекор до историски пласман на завршниците

Пред првиот ја доведоа фудбалските репрезентативци кои на стадионот „Васил Левски“ во Софија загубија од Англија со 0:6 во квалификациите за Европското првенство во 2020 година, пред вториот ја доведоа група навивачи со нивните расистички извици и нацистички поздрави. Премиерот Борисов побара оставка од првиот човек на Фудбалскиот сојуз, Борислав Михајлов што и ја доби. УЕФА најави остри санкции кон источниот сосед, а можно е исклучување на националниот тим од циклусот

Двата гола за Полјаците ги постигна Пржемислав Франковски во 74. минута и Аркадиуш Милик во 80. минута. Во претпоследното, деветто, коло на 16 ноември, македонските фудбалери ќе ` гостуваат на Австрија која вечерва славеше над Словенија во Љубљана со 1:0 и со 16 бода е втора на табелата во групата Г

Отсуството на капитенот на Динамо Загреб е голем хендикеп за стручниот штаб ако се има предвид дека селекторот Ангеловски, поради повреди, ги загуби и Енис Барди, Дарко Велковски, Крсте Велковски и Иван Тричковски. Мечот меѓу фудбалските репрезентации на Полска и Македонија во квалификациите за ЕП 2020 е вечерва од 20.45 ч. на стадионот „Народови“ во Варшава

Македонската реппрезентација, по проспиената ноќ во Скопје, отпатува за Полска каде во недела ќе ` гостува на домашната селекција во осмиот меч во групата Г во квалификациите за ЕП 2020

Играчот на Наполи беше стрелец на двата гола за „црвено-жолтите“ во 50. минута и во 68. минута за трета победа во циклусот, единствениот за гостите беше дело на Јосип Иличич од пенал во петтата минута од судиското екстра време. Македонската репрезентација во недела (20.45 ч.) ќе ` гостува на Полска како третопласирана на табелата

Шестиот меч меѓу фудбалските репрезентации на двете земји е вечерва (20.45 ч.) на националната арена „Тоше Проески“ во Скопје. Селекторот Игор Ангеловски не може да смета на повредените Енис Барди и Крсте Велкоски, под суспензија поради жолти картони е Егзон Бејтулаи