Browsing: фудбал

Баварците со 3:0 ја совладаа Црвена звезда, „модрите“ на „Максимир“ ја декласираа Аталанта со 4:0 додека францускиот гигант ги понижи „кралевите“ со 3:0 на „Паркот на принцевите“

Калчолигашот го совлада актуелниот европски првак со 2:0 во мечот од првото коло во групата Е. Наполитанците поведоа со голот од пенал на Дрис Мертенс во 82. минута, трите бода ги потврди Фернандо Љоренте во втората минута од судиското надополнување. Македонскиот репрезентативец почна како резерва и од Анчелоти ги доби последните 20. минути како замена за Алан

Младиот играч од Гвинеја Бисао беше во стартниот состав на Каталонците на гостувањето кај Борусија Дортмунд на возраст од 16 години и 321 ден со што го надмина Бојан Кркиќ кој за тимот од „Камп Ноу“ дебитира во 2007 година со 17 години и 22 дена

Тимот од Гелзенкирхен го совлада дебитантот во германската фудбалска елита со 5:1 и се искачи на шестото место на табелата. Фрајбург го потврди епитетот хит на почетокот на сезона со триумфот кај Хофенхајм со 3:0

Ова го покажа истражувањето на Меѓународниот центар за спортски истражувања (ЦИЕС) со седиште во Нојшател, Швајцарија. Неговите стручњаци дојдоа до пресметка дека менаџерот Пеп Гвардиола потрошил 1,14 милијарди евра за „граѓаните“. Најголемиот јаз во вредност на клубови го има во Примера во која Реал Мадрид има 148 пати поскап тим од финансиски најслабата Мајорка

Националниот фудбалски тим ја совлада Летонија со 2:0 во квалификациите за ЕП 2020 со головите на Пандев и на Барди и со осум бода и од четвртото место во групата Г ќе ги дочека дуелите со Словенија во Скопје на 10 октомври и против Полска во Варшава на 13 октомври

„Лалињата“ го поразија тимот на Јоаким Лев со 4:2 и во целост се реваншираа за поразот во Амстердам во март оваа година. Словенија во групата Г во која игра и Македонија ја совлада Полска со 2:0 додека Австрија во истата конкуренција со 6:0 ја декласира Летонија