Browsing: фудбал

Покрај српскиот тим и англискиот великан, во групата Л се и екипите на Астана и на АЗ Алкмар. Првото коло е закажано на 19 септември, големото финале на 27 мај догодина на стадионот „Енерга“ во Гдањск

Српскиот претставник, во плејофот за второто по ранг друштво на УЕФА, го елиминира Молде по ремито (1:1) во реваншот во Норвешка и триумфот на домашен терен победи со 2:1. Риека е запрена во плејофот од белгиски Гент, а Марибор од Лудогорец. Ждрепката за групната фаза во ЛЕ е во петок (30 август) во „Грималди Форум“ во Монако со почеток во 13 часот

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација објави список со 23 играчи за мечевите со Израел (5 септември) и со Летонија (9 септември) во квалификациите за ЕП 2020. За првпат е повикан Влатко Стојановски од француски Олимпик Ним, во тимот се враќаат Тричковски и Стефан Спировски, но опција за претстојните „врзани“ гостувања не се Стефан Ристовски (повреда) и Ферхан Хасани (нерешено клупско прашање) како и Дарко Чурлинов кој е оставен на располагање на младата селекција

Неговата деветгодишна ќерка Чана почина како последица на рак на коските, пренесуваат шпанските медиуми и додаваат дека тоа било единствена причина за повлекување од кормилото на „црвената фурија“

Ривали на „модрите“ во групата Ц, покрај „граѓаните“, ќе бидат и екипите на Шахтјор Доњецк и дебитантот Аталанта, а белграѓани во групата Б, освен со Баварците, ќе се пресметаат и со Тотенхем и со Олимпијакос. Епитетот „група на смртта“ го доби Ф конкуренцијата што ги обеднини Барселона, Борусија Дортмунд, Интер и Славија Прага

Во одложениот меч од шеснаесетфиналето, „црвено-црните“ ја поразија Саса со 5:0. Два гола постигна Цветановски, по еден Аврамовски, Ибиши и Игњатов во убедливиот триумф над второлигашот од Македонска Каменица

Српскиот првак го елиминира Јанг Бојс (1:1 и 2:2) и по вторпат во низа ќе биде дел од групната фаза, хрватскиот шампион, пак, беше подобар во двомечот со Розенборг (2:0 и 1:1). Во групната фаза ќе игра и Олимпијакос по двете победи (4:0 и 2:1) над Краснодар

Горан Пандев го одигра последните десетина минути, вклучувајќи го и судиското надополнување, во ремито на џеновјаните во Вечниот град. Удинезе претходно го порази бледиот Милан со 1:0 во меч во кој дебитира Илија Несторовски