Browsing: фудбал

Конечни 1:1 во Бер Шева што остава простор за задоволство, за дилема дали уште вечерва требаше да биде поништен еден од двата домашни пораза во јуни, но и неизвесност дали ќе биде реализирана победничката мисија во понеделник против Летонија во Рига за комплетно враќање во игра за второто место на табелата

Според бразилските медиуми, 30 годишниот Данило Фелисијано де Мораеш се пожалил дека му е лошо по само десет минути играње фудбал во семејната куќа во Сао Паоло по што веднаш бил пренесен со амбулантно возило во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Алфавил, но и покрај големите напори, лекарите не успеале да го спасат

Натпреварот е вечерва во Бер Шева во 20.45 часот. Доколку останат непоразени, „црвено-црните“ ќе останат во игра за второто место во групата Г и со голема самодоверба ќе продолжат за Рига каде во недела ги очекува и дуел со Летонија

Покрај српскиот тим и англискиот великан, во групата Л се и екипите на Астана и на АЗ Алкмар. Првото коло е закажано на 19 септември, големото финале на 27 мај догодина на стадионот „Енерга“ во Гдањск

Српскиот претставник, во плејофот за второто по ранг друштво на УЕФА, го елиминира Молде по ремито (1:1) во реваншот во Норвешка и триумфот на домашен терен победи со 2:1. Риека е запрена во плејофот од белгиски Гент, а Марибор од Лудогорец. Ждрепката за групната фаза во ЛЕ е во петок (30 август) во „Грималди Форум“ во Монако со почеток во 13 часот

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација објави список со 23 играчи за мечевите со Израел (5 септември) и со Летонија (9 септември) во квалификациите за ЕП 2020. За првпат е повикан Влатко Стојановски од француски Олимпик Ним, во тимот се враќаат Тричковски и Стефан Спировски, но опција за претстојните „врзани“ гостувања не се Стефан Ристовски (повреда) и Ферхан Хасани (нерешено клупско прашање) како и Дарко Чурлинов кој е оставен на располагање на младата селекција

Неговата деветгодишна ќерка Чана почина како последица на рак на коските, пренесуваат шпанските медиуми и додаваат дека тоа било единствена причина за повлекување од кормилото на „црвената фурија“

Ривали на „модрите“ во групата Ц, покрај „граѓаните“, ќе бидат и екипите на Шахтјор Доњецк и дебитантот Аталанта, а белграѓани во групата Б, освен со Баварците, ќе се пресметаат и со Тотенхем и со Олимпијакос. Епитетот „група на смртта“ го доби Ф конкуренцијата што ги обеднини Барселона, Борусија Дортмунд, Интер и Славија Прага

Во одложениот меч од шеснаесетфиналето, „црвено-црните“ ја поразија Саса со 5:0. Два гола постигна Цветановски, по еден Аврамовски, Ибиши и Игњатов во убедливиот триумф над второлигашот од Македонска Каменица