Browsing: фудбал

Струмичани со 2:0 го совладаа Борец, тимот од Џепчиште попладнето ремизира против Шкупи на Чаир – 2:2, а тетовските „црвено-црни“ одиграа 1:1 со Македонија Ѓ.П. во првиот натстап пред своите навивачи во сезоната. Вчера Вардар го совлада Работнички со 2:0

Останатите три меча од плејоф фазата за ЛШ се играат во среда (21 август). Динамо во Загреб го дочекува Розенборг, Црвена звезда ќе гостува во Швајцарија на екипата на Јанг Бојс, а Олимпијакос во Пиреја ќе биде домаќин на Краснодар

Првиот натпревар на домашен терен по подолга пауза, ирачките репрезентативци ќе го одиграат на 10 октомври против Хонг Конг на стадионот што се градеше од 2009 година до 2013 година и има капацитет од 65.227 места. Поради воените дејствија и лошата безбедносна состојба во земјата, Ирак во последните години беше домаќин во Иран, во Јордан или во Малезија

Со елиминации во третото коло се соочија и АЕК Ларнака на Иван Тричковски, Сараево на Крсте Велкоски, Пјуник на Антонио Станков и Денис Махмудов и Сутјеска на Милован Петровиќ. Од „македонските“ клубови за групна фаза ќе игра Риека на Дарко Велковски

Фудбалерите на актуелниот европски шампион беа подобри пеналџии (5:4) од колегите од Челзи, актуелен владетел во Лига Европа, во мечот на „Водафон арена“ во Истанбул и по 1977, 2001 и 2005 година се враќаат на „Енфилд“ со европскиот пехар за кој традиционално се игра на почетокот на секоја сезона. Мечот во основниот дел заврши без победник – 1:1, а двете екипи постигнаа по гол и во продолженијата

Од британскиот Сектор за истраги на воздушни несреќи е наведено дека во крвта на фудбалерот се откриени високи концентрации на COHb (комбинација на јаглерод моноксид и хемоглобин), јавува агенцијата „Анадолија“. Поголемо ниво од 50 отсто на јаглерод моноксид во организмот се смета за опасно по здравјето на поединецот и може да доведе до напади, губење на свест и срцев удар

Белграѓани по дури 22 изведени пенала на „Паркен арена“ го елиминираа данскиот првак (прв меч 1:1, реванш 1:1 – 7:6) и во плејофот ќе играат со Јанг Бојс, хрватскиот првак, пак, со 4:0 го декласира Ференцварош во Будимпешта. Аријан Адеми стрелец и асистент за „модрите“ кои ги очекува двомеч со Розенборг

„Црвените ѓаволи“ славеа со 4:0 во дерби пресметката на воведното премиерлигашко коло во новата сезона и испратија силна порака дека максимално ќе казнуваат од секоја укажана прилика без разлика дали ќе доминираат во статистичките категории или не. Два гола постигна Маркус Рашфорд, по еднаш во листата нан стрелци се запишаа Антони Марсијал и Даниел Џејмс